Велигден на Крит 2024

5 дена со авионски превоз од Солун

Ираклион – Кносос – Ханија – Ретимно

Термин: 02 – 06 мај

1 ден – четврток: Солун – Хераклион – Ретимно (80km)
Состанок на групата на аеродромот во Солун. Полетување за Хераклион со директен лет на Sky Express. По пристигнувањето во Хераклион, трансфер до избраниот хотел во Ретимно. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден – петок: Ретимно – Манастир Аркади (30km) – Mаргарити
Појадок. По појадокот поаќање кон Манастирот Аркади. Maнастирот Аркади е најсветиот симбол на Критската борба за слобода. Лоциран е на височинка од 500 мнв, во подножјето на Псилоритис, на 23 км од Ретимно. За време на големата Критска револуција во 1866 година, армија од 15,000 Отомански војници со 30 топови, го обиколоиле Манастирот Аркади. Војниците биле затворени во стариот подрум за складирање на вино и Костас Јамбудакис ги запалил бочвите и зградата била разнесена на 9 ноември 1866 година. Продолжуваме со посета на музејот на Античка Елефтерна и селото Маргарити. Селото е воедно и најважниот центар за производство на керамика во западен Крит, со долготрајна историја од Венецијанско време. Подоцна се селиме во Ретимно со Фортеца и живописните улици на градот, каде што влијанието на Отоманската Империја е комбинирано со Венецијанска Ренесансна архитектура. Слободно време за прошетка по улиците на историскиот дел од градот, каде што може да се сретнат бројни Отомански и Венецијански споменици. Враќање во хотел во попладневните часови. По вечерата повторно се оди во Ретимно за да се присуствува во поворката на Епитафот. Ноќевање.

3 ден – сабота: Ханиа (66km) – Воскресение во Манастирот Аркади
Појадок. По појадокот поаѓање за Ханиа. Рано изутрината се пристига во пристанишниот град Ханиа, каде што ќе уживате во истражувачка прошетка низ градот со Венецијанско пристаниште. Веднаш потоа се посетуваат гробниците на Венизелос во Акротири, во пејсажната шумичка со прекрасен поглед на градот. Слободно време за проштетка низ градот, враќање во хотел. Вечера. По вечерата посета на Манастирот Аркади каде што ќе се присуствува на Мисата на Воскреснувањето. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – недела: Ретимно
Слободно неделно утро. Свечен велигденски ручек, каде што ќе уживаме во празнични национални јадења, и критска фолклорна музика. Во попладневните часови посета на Ретимно и вечерна прошетка низ градот. Враќање во хотел, ноќевање.

5 ден – понеделник: Хераклион (80km)
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на Кносос, еден од најимпозантните археолошки градови во Грција и Европа. Тука се наоѓа најголемиот и највеличествениот дворец на митскиот крал Минос, изграден околу 2000 година пне кој што бил центар на Минојската цивилизација. Во Кносос одблиску може да се запознаете со грациозноста и умешноста во изработката на Античките Критјани што е евидентно видливо во самата градба и украсувањето на палатата. Ќе слушнете и многу познати приказни како што се митот за лавиринтот и митот за Дедал и Икар. Следува посета на Ираклион, главниот град на Крит. Ќе се восхитите на историскиот центар на градот како и Венецијанската тврдина (Кулес), која го чува морето од 16-тиот век. Потоа следува слободно време за прошетка по шармантните улици на градот и посета на Археолошкиот музеј. Дали знаете дека тука се наоѓа најголемата колекција на Минојската уметност во Светот? Слободно време за разглед на градот и поаѓање накај аеродромот во доцните попладневни часови.

Забелешки: Турите и екскурзиите се со придружба на водич. Можна е промена на редоследот по кој ќе се одвиваат.

Вклучено во цената:

• Авионски билет за директен лет ос Солун- Aegean Airlines & Sky Express
• 5 ноќевања во хотел по ваш избор
• Сите екскурзии и тури во програмата се пропратени со лиценциран водич
• 2 вечери, во Петок и Сабота со вклучени пијалоци
• Велигденски ручек со вклучени пијалоци, придружуван со Грчка музика и традиционални танци на Крит
• Чекиран багаж од 20 кг
• Рачен багаж од 8 кг
• Придружник на патувањето
• Осигурување
• Аеродромски такси

Не се вклучени:

• Влезници во музеи, археолошки локалитети и изложби
• Сè што е изборно и што не е споменато во програмата
• Хотелски такси

Ценовник

  Хотели  Цена по лице во Double Room    Цена по лице во Triple room  Цена за деца    (до 12 години)  
  Azul Eco Hotel 4* (Rethymnon Area)    735    735  535
  Minos Hotel 4*  (City)    775€  825 (Deluxe room)  625€
  Minos Ambassador Hotel 5* (City)  835 (Deluxe Junior Suite)    935 (Deluxe Junior Suite)  735

Галерија Azul Eco Hotel

Летови – Sky Express  
Thessaloniki – Heraklion (Aegean Airlines) 06:30-07:40
Heraklion – Thessaloniki (Sky Express) 19:30 – 20:40  

Влезници за археолошки локалитети и атракции:

  • 15,00 € – 8,00 € намалено**
  • Археолошки музеј во Хераклион: 12.00€ – 6.00€ намалено
  • Археолошки локалитет Арменои, Ретимно: 3,00€ – 2,00€ намалено
  • Музеј на Античка Елефтерна: 6,00€ – 3,00€ намалено
  • До 25 години влезот е бесплатен.
  • За големи семејства, за трето дете, за лица со инвалидитет и за оние кои имаат бесплатна влезна книшка од Министерството за култура
  • Исто така бесплатен влез во манастирите.
  • **Намалена такса за оние над 65 години (со приложување на пасош)