Политика на приватност

За нас

Адресата на нашиот веб-сајт е: https://intravel.mk/

Наша цел е подобро корисничко искуство за корисниците на интернет-страницата на ИнТравел (https://intravel.mk/). Треба да се напомене дека при користење на нашата интернет страница, пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките на корисниците. При посетата на интернет-страницата од корисниците, ИнТравел може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели што се користат заради подобрување на квалитетот на интернет-страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет-страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет-протокол) адреси што се доделуваат од интернет-провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Користење на „Cookies“

„Cookies“ се мали текстуални фајлови, кои се снимаат на Вашиот компјутер заради следење на движењето на Вашиот интернет-пребарувач од страна на интернет-страницата, но не се поврзуваат со Ваши лични податоци што сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови ИнТравел го следи користењето на страницата и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и да ја унапреди функционалноста на истата. На интернет-страницата има само таков тип на „Cookies“ што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет-пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат „колачињата“. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено. Промени во политиката за приватност на личните податоци ИнТравел има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, Ве молиме не користете ја интернет- страницата. Вашето континуирано користење на интернет-страницата следејќи ги промените на оваа Политика, ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци ИнТравел ја врши во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во ИнТравел се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

ИнТравел применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.