Често поставувани прашања
Кои се правилата за превоз и апартманско сместување за понудите за Лето во Грција?
Превозот се доплаќа и чини:
Возрасен: 40 еур повратен / 30 еур еден правец
Деца од 02-12г. 30еур повратен / 25еур еден правец
Деца до 2г. Бесплатно (без седиште).
ПРЕВОЗ:
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Важни напомени:
- Сместувањето во АПП е во 14:00 (по локално време);
- Напуштање на АПП е во 09:00 (по локално време);
- Секоја направена штета се плаќа на лице место;
- За хигиената во АПП во текот на целиот престој се грижат гостите;
- За резервација задолжителна уплата на 30% аванс, во спротивно резервацијата се смета за неважечка
- Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
- Задолжително патничко осигурување.
- Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
- Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
- Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.
Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ !