МАЛДИВИ ЛЕТО 2024

ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

ДЕН 1  (СКОПЈЕ*) БЕЛГРАД – МАЛЕ

Состанок на аеродромот “Никола Тесла„ во договорено време. Летот е од Белград е со прекачување.
*Можност за организиран трансфер од Скопје или од друг град во Македонија со доплата – побарајте понуда од агентот при резервација

ДЕН 2   МАЛЕ – МААФУШИ

Во раните утрински часови пристигнуваме во Мале. Трансфер до островот Маафуши. Сместување во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3 – 8 МААФУШИ (6ноќевања)

Маафуши е локален остров на 26 километри од главниот град Мале, кој има околу 3.000 жители. Иако во превод значи „Голем остров“, тој не зафаќа голема површина, долг е само 1200 m и широк околу 250 m, така што ви требаат цели 15-20 минути лесно пешачење за да го заобиколите. Ќе уживаме на најубавата плажа на островот и ќе го откриваме со велосипед и пешки. Во текот на престојот на Маафуши ќе биде организиран авантуристички излет Пливање со ајкули, нуркање и посматрање на делфини како дел од програмата. Излетот опфаќа возење со чамец до главната точка за нуркање, од каде што започнува нашето другарување со тигар ајкулите. Продолжуваме до локалниот остров Фулидхоо каде што ќе имаме ручек. Следната станица е песочниот брег, кој го опркружува бескрајото синило и нестварниот морски свет на Малдиви.

За крај одиме на посматрање делфини и уживаме во залезот на сонцето. Во текот на останатите денови престој на Маафуши ќе имате прилика да видите како живее локалното население на Малдиви. Никаде нема асвалт, стаза за пешаци, автомобилите се реткост, а главни превозни средства се мотор и велосипед. На островот можете да најдете неколку мали продавници со различна снабденост и неколку сувенирници. Уште еден излет што организираме во текот на нашиот престој е посета на Гулхи островот. Ова мало островце се наоѓа блиску до Маафуши и го каректеризира нестварното синило на морето и една од најубавите плажи со кристално чиста вода и песок како пудра. Она што и дава посебна каректаристика на ова острово е автентична лулашка која е најсликана на овој остров. Земајќи во обзир на песочната подлога и состав на теренот на Малдиви, посебно е поволно за кокосови палми, папаја и банани кој го украсуваат островот во комбинација со пудресто бел песок даваат посебен печат на егзотичните плажи. Подводниот свет на Малдиви преставува вистинска атракција и го сместува помеѓу најпосакуваните нуркачки локации во светот. Било да сакате да се испробате во нуркање или само да пливате по површината, можете да забележите желки, шарени рипки и корали. На излетите кој се организираат од Маафуши можете да се сретнете со хирузима риба, туни, риба папагал, ражи, желки, а на некој места може да видете ајкули и да пливате со нив. Исто така од Маафуши се организираат и излети до приватните туристички острови или така наречени ресорт остров, каде можат да се видат прилози како од разгледница и да се ужива во луксузот на овие моќни острови.

Покрај класичните излети и прошетка до блиските ресорти, домаќините ќе ви понудат и ноќно рибарење, посматрање и хранење на ајкулите, да ве остават на песочните плажи далеку од цивилизација или да ве однесат на некое пусто острово. Излет кој е вклучен во цена е и Нуркање & Крстарење со делфини во екое имаме две точки за нуркање во непрегледното синило на Индискиот океан и правење на незаборавни подводни фотографии со јато разнобојни риби од различни врсти. Посета на песочен брег, додека околу нас нема ништо освен бескрајната убавина на океанот.Правиме пауза за ручек и уќиваме во дегустација на храната припремена од локалци. Нашиот излет го продолжуваме со крстарење како би можеле да ги видиме преубавите створења – делфините и да ја осетиме нивната енергија  во дивината на отворениот океан. Ќе се сретнеме со цели јата на делфини кои ќе пливаат покрај бродот, посматрање на овие прекрасни животни како си играат, скокаат од вода и прават различни акробации е на наше воодушевување, Уште еден од популарни излети кој овдека се организираат е пливање со манти и кит ајкули, кој се подполно безопасни. За време на престојот на Маафуши ќе успеете да ја доживеете оваа преубава земја на прав начин, препуштете се на локалниот начин на живот, уживајте во егзотична храна и уште поегзотичните плажи и острови, запознајте нова култура и дружете се со мештаните кој се населени на самата обала на овој тиркизен океан.

ДЕН 09  МААФУШИ – МАЛЕ  – БЕЛГРАДСКОПЈЕ*

Последниот ден, полека ги пакуваме нашите работи и се опростуваме со магичниот остров. Трансфер со брод или глисер до аеродром во Мале во попладневните часови. Лет за Белград со преседнување во вечерните часови. Пристигнување во Белград во утринските часови. Крај на програмата.
*Можност за организиран трансфер до Скопје или до друг град во Македонија со доплата – побарајте понуда од агентот при резервација

Цена на патувањето по лице:
1499 € прва минута – за пријави до 90 дена пред почеток на патувањето или до пополнување на групата
1599 € Регуларна цена – за пријави до 30дена пред почетокот на патувањето или до пополнување на групата

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Авионска карта на релација Белград – Мале – Белград со сите такси
  • Сместување на база 7 ноќевања со појадок во хотел со 3* на Маафуши
  • Сите трансфери на дестинација према програмата на патување
  • Организација на патувањето
  • Представник од агенцијата (водич) на дестинација
  • Факултативен програм во оквир на еден ден : Пливање со мали ајкули, посматрање на делфини, посета на островот Фулидхо, ручек на плажа, дружба со ражи, подводно сликање и снимки од сите локации
  • Факултативен излет посета на островот Гулху
  • Факултативен излет Нуркање & Крстарење со делфини во склоп на еден ден: песочен брег, ручек на плажа (локални специјалитети), нуркање, пливање со делфини, подводни слики и снимки од локации

Во цената на арамжманот не е вклучено:

  • Виза за Малдиви (за државјани на Македонија не е потребна виза)
  • Патничко здраствено осигурување (индивидуално)
  • Доплата за еднокреветна соба (на барање)
  • Трокреветна соба (на барање)
  • Доплата за хотел 4* поглед на град
  • Опција доплата за услуга полупансион во хотел 3/4
  • Опција за доплата на услуга полнпансион за хотел 3/4
  • Опција за доплата за ресорт 4/5 со вклучен трансфер (на барање)
  • Факултативните излети и сите влезници за културно – историските споменици
  • Индивидуални трошоци за време на патувањето

Начин на плаќање

  • При пријавување 30% од износот , остатокот до 25дена пред патување
  • Се врши во денарска против вредост 1€-62мкд

Напомени :

  • Последен рок за пријавување е 30дена од патувањето
  • Програмата е работена на база на минимум 10 патници
  • После купувањето на авионските карти , парите уплатени за истото неможат да се рефундират во овој случај важат условите на авиокомпанијата.
  • Во склад со новите збиднувања и промени на цената на горивата на светскиот пазар конечниот износ на авионските такси е подлежен на промена.
  • Патниците се обавезни да сами се запознаат со визниот режим во државата во која што патуваат.
  • Во голем дел од дестинациите пасошот да важи најмалце 6месеци по денот на завршување на патувањето.

СМЕСТУВАЊЕ

MAAFUSHI

Хотел со 3* е лоциран во непосредна близина на плажа. Во склопот на хотелот се наоѓа ресторан. Собите се двокреветни или трокреветни и имаат сеф, клима ТВ, телефон и бесплатен интернет, а гостите имаат на располагање и крпи за на плажа.

МААФУШИ

Хотелот од категорија 4* е извонредно лоциран со директен пристап до Бикини Бич. Хотелот располага со ресторан и базен. Собите се двокреветни или трокреветни и имаат сеф, клима, ТВ со рамен екран, телефон, фен и бесплатен Wi-Fi интернет. Во хотелот може да се изнајми велосипед бесплатно.

RESORT & SPA 4/5 *

Островски рај со удобно сместување и луксузни удобности. Опкружен со палми и бели плажи, ова одморалиште има базен и фитнес центар. Пространите и светли соби имаат удобно место за седење на софата и прекрасен поглед на океанот. Сите сместувачки единици имаат сеф, ТВ, бесплатна WiFi конекција. Може да се ужива во спа центарот со приватни соби за третмани и релаксирачки масажи. За поавантуристичките, хотелот организира и дневни нуркачки патувања до спектакуларните гребени во северниот дел на Ари Атол. Ресторанот нуди целодневен оброци со интернационална кујна во шведска маса, а во барот можете да уживате во зајдисонцето и тропските коктели.

ФАКУЛТАТИВИ

Вклучени во цената на аранжманот:

Островот Гулхи

Овој мал остров се наоѓа блиску до Мафуши и се карактеризира со нереално сино море и една од најубавите плажи со кристално чиста вода и прашкаст песок. Она што на овој остров му дава посебен шарм се автентичните лулашки кои најмногу се фотографираат на овој остров. Можете да се опуштите на плажа, да се сончате и да уживате во прекрасниот поглед на океанот.
Вклучен во аранжманот вклучено : повратен трансфер и водич.

Пливање со ајкули, брег на песок, нуркање и гледање делфини

За време на екскурзијата, мештаните ќе не одведат далеку од брегот на Маафуши и ќе застанат на место каде што ќе скокнеме во кристално чистата вода и ќе се најдеме во друштво на шарени риби од најразлични големини и форми, како и мали безопасни. ајкули, додека сме опкружени со шарени волшебни корали. После тоа дружење, се симнуваме на локалниот остров Фулидоу каде ќе ручаме. Следната станица е брег од песок со бисерно бела боја и се восхитуваме на убавината на проѕирниот Индиски Океан. Фантастично е чувството да се најдеш на вакво место, без палми, без знак дека некој прошетал таму пред тебе. Од сите страни само прекрасен бел песок, кој се губи во тиркизното море и некаде во далечината се спојува со синото небо.

После тоа се враќаме на бродот и уживаме во возењето до Маафуши. Попатно застануваме на место каде што често се собираат делфини и ако имаме среќа ќе ги сретнеме и ќе скокнеме во водата за да пливаме со нив.
Излет вклучен во цената на аранжманот. Трансфер со глисер; опрема за нуркање;ручек; вода и сокови; Крпи за плажа и чадори за сонце; подводни фотографии и снимки и водич.

Нуркање и крстарење со делфини

Одиме на нуркање на две точки во бескрајното синило на Индискиот Океан и правиме незаборавни подводни фотографии со еден куп шарени риби од различни видови. Го посетуваме таканаречениот Песочен брег, додека околу нас нема ништо друго освен бескрајната убавина на океанот. Паузираме за ручек и уживаме во дегустација на храната што ни ја приготвуваат мештаните.

Ја продолжуваме нашата екскурзија со крстарење за да видиме прекрасни суштества – делфини и да ја почувствуваме нивната енергија во дивината на отворениот океан.
Вклучен во цената на аранжманот. Вклучено: повратен трансфер, опрема за нуркање, ручек со пијалок, водич.

СКРИЕНИОТ ОСТРОВ

Поаѓање кон островот Тинадо лоциран во центарот на Атолот Вааму, најисточниот атол на Малдивите. Островот Тинадо е локалниот и најисточниот остров на Малдивите. Населено е со локално население од само 70 луѓе. На овој остров ќе дознаете како навистина живеат Малдивите. Ќе видите куќи направени од корален камен, трска, палми и гранки од мангрови. Ќе го видите „дрвото на илјада животи“ кое е едно од најстарите на Малдивите. Ќе слушнете неверојатна приказна од еден локален водич за животот на локалните жители кои живеат на Малдивите каде туризмот сè уште не пристигнал. Прошетката околу островот трае околу 1 час.Потоа следи патување до бродоломот Вааму. Vaamu Shipwreck е индонезиски пиратски бродолом. Пред 20 години овој пиратски брод дошол во Атолот Вааму и ги ограбил локалните бродови. Малдивиската воена полиција ги нападна индонезиските пирати, а напуштениот брод остана да плови во Атолот Вааму. За да не им пречи на другите бродови, војската на Малдивите го потопила. Лакот на потонатиот брод остана да се држи над површината на водата и оттогаш стана едно од најфотографираните места на Малдивите. Нуркањето околу овој брод е незаборавно.После тоа одиме на Тајниот остров. Овој остров е приватен остров во сопственост на малдивски богаташ кој поседува неколку одморалишта. На овој остров се снимени 2 сцени од филмот Star Wars: Rogue One и еве ги најфотографираните плажи кои постојат во јужните атоли на Малдивите. По фотографирањето и снимањето со дрон, голем ручек на кој се сервираат огромни риби на скара од црвена шипка и виножито, колбаси, рижото со зеленчук, свежи лубеници, папаја и банани. На оваа екскурзија ќе имате остров кој ќе биде се ваш цел ден.
ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 110$ Вклучено: повратен трансфер, опрема за нуркање, ручек со пијалок, крпи за плажа, снимки и фотографии, водич.

Посета на резорт (Островот Рихивели или слично)

Во рамките на екскурзијата ќе биде организирана и еднодневна посета на едно од прекрасните приватни резорт одморалишта каде ќе имаме можност да го поминеме денот на најубавите песочни плажи на тиркизното море и да уживаме во убавината и луксузот на приватен остров. Цена на излетот 140$ вклучено : Повратен трансфер , влезница за приватниот остров , лежалка на плажа, ручек со безалкохолен пијалок и водич.

Пливање со кит-ајкули

Патуваме до јужниот Ари Атол каде ќе наидеме на величествени китови ајкули. Кит-ајкулите не се од што да се плашиме, ако ја игнорираме нивната застрашувачка големина – тие можат да бидат долги како автобус, тие се многу пријателски расположени. За среќа на луѓето, тие се хранат само со планктони и ситни риби, па затоа се сосема безопасни за нас. Бидејќи ги сакаат луѓето и не се плашат од нив, можете прилично да се зближите со нив, па дури и да се фотографирате со нив. Овие нежни џинови обично се опкружени со други риби и морски суштества кои бараат заштита од предатори, па пливањето со нив е вистински спектакл. Откако го доживеавме ова незаборавно искуство, го продолжуваме патувањето до Манта Поинт, каде, доколку имаме среќа, ќе сретнеме прекрасни манта зраци. Манта зраците се зраци кои можат да достигнат должина и до седум метри, но не се опасни за луѓето и се хранат исклучиво со планктони. Ќе бидете воодушевени од нивната убавина и подготвеност за интеракција со луѓето. Додека овие прекрасни животни кружат околу вас, ќе имате искуство кое долго ќе го паметите. Откако ќе завршиме со нуркањето, застануваме на еден од островите Лола, каде мештаните ни подготвуваат ручек на плажа. По ручекот се враќаме на глисерот и полни со возбуда патуваме до Маафуши.
Цена на излетот 110$ вклучено: трансфер со глисер, опрема за нуркање, ручек, вода и сокови, крпи за плажа и чадори за сонце, подводни снимки и фотографија и водич.