Сместувачки капацитет се наоѓа на само 3,5 км од центарот на Куманово, односно на 500 м од стара Куамновска бања. Мегалитска обсерваторија Кокино се наоѓа на 30 км од градот и од винаријата, но на само неколку км од лозовите насади. На неполни 2 км се наоѓа сеуште недоволно прочуената Бислимска клисура која нуди неочекуван пејсаж и доживување за посетителите.
Сите овие природни убавини како и посета на винаријата се дел од услугите кои ги нудиме на нашите гости.
Објектот располага со 15 легла, просторија за појадок на гостите, место за дегустација на вино, како и прекрасно опкружување каде може да се поминат незаборавни моменти дегустирајќи од многуте типови вино кои се наоѓаат на нашата винска карта.
Секеко највпечатлив момент за секој посетител е винаријата каде се преработува грозјето и одлегува виното.
ЦЕНИ ИЗРАЗЕНИ ВО ДЕНАРИ, ПО ЛИЦЕ НА ДЕН
НОЌЕВАЊЕ по лице 790 ден
Промотивна цена од 890 ден по лице со вклучен појадок
Деца до 7 год бесплатно(појадок по цена од 120 ден )
Деца од 7-18 год. по цена од 590 ден ( со вклучен појадок )
За сместување подолго од 3 дена попуст од 10%
Винаријата нуди и 10%попуст за индивидуални посети на Кокино со лиценциран водич. (на лице место)
Деца до 7 год бесплатно
Деца од 7-18 год 490 ден.