Често поставувани прашања
Што треба да знам:
Задолжително запознајте се со општите услови:
Општи услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС
Кои се правилата за превоз и сместување за понудите за Лето во Грција?
Туристичка/ЕКОЛОШКА такса во Грција
Од 1 јануари 2024 година во Грција стапи на сила измена на законот за даноци за престој, кој отсега ќе се нарекува ЕКОЛОШКИ ДАНОК или данок за управување со климатски кризи.
Корисниците на сместување во Грција плаќаат ЕКОЛОШКИ данок (туристичка такса) во зависност од категоријата на сместување во која престојуваат .
Еколошката такса се плаќа по пристигнувањето во сместувачката единица, на сопственикот на сместувањето или на рецепционерот.
За плаќање на еколошката такса, сопственикот или рецепционерот е должен да му издаде фактура на гостинот.
Еколошката такса се плаќа по соба , а не по лице, за бројот на ноќевања во сместувањето. ДДВ не се пресметува.
Еколошката такса во становите е 1,50 € по стан, по ноќевање (не по лице).
Цена на еколошката такса за престој во хотели со:
- Хотел со една или две ѕвезди е 1,50 евра по соба , по ноќевање
- Хотел сотри ѕвезди е 3 € по соба , по ноќевање
- Хотел со четири ѕвездички, данокот е 7 € по соба , по ноќевање
- Хотел со пет ѕвезди е 10 евра по соба , по ноќевање
- За изнајмување на семејни куќи кои се над осумдесет (80) м2 се наплаќа 10€ за ноќевање.
Погледнете ја официјалната страница со текстот за такси со кликнување овде .
Превозот се доплаќа
Повратен превоз | Еден правец | |
Возрасен | 45€ | 35€ |
Деца од 02-12 год. | 35€ | 25€ |
Деца до 2 год. | Бесплатно (без седиште) | Бесплатно (без седиште) |
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ПРЕВОЗ:
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Важни напомени:
- Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
- Сместувањето во студијата и апартманите е во 14:00 (по локално време);
- Напуштање на студијата и апартманите е во 09:00 (по локално време);
- Секоја направена штета се плаќа на лице место;
- Агенцијата не е одговорна за стабилноста, достапноста, брзината на интернетот, препорачуваме гостите да си уплатат сопствен интернет во роаминг пакет доколку имаат потреба од стабилна и постојана интернет врска.
- Агенцијата не гарантира достапност на паркинг место пред или во близина на објектот;
- За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
- Средства за лична хигиена, тоалетни производи и крпи не се обезбедени и за истите се одговорни гостите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
- Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
- Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.
Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ !