5 работи за совршен летен одмор

Летниот одмор е најубавиот период во годината – тоа се деновите кои со нетрпение ги очекуваме цела година. Од таа причина исклучително е важно да се направи вистинскиот избор на место и сместување.

Кои се најважните 5 работи за вашиот совршен летен одмор?

1. Изберете сместување на неколку чекори од плажа!

Пешачењето стотици метри на екстремно високи температури ќе го уништи уживањето во одморот. Изборот на сместување навидум e голем, но најголем дел од понудата на слободни апартмани е во Вили на голема оддалеченост од плажа. Токму од оваа причина од исклучителна важност е да обрнете посебно внимание на изборот на локацијата.

Во голем дел од случаите цената за сместувањето е иста или разликата во цената која ќе ја платите е незначителна во однос на комфорот да сте сместени во непосредна близина на плажа.

Од оваа причина направивме специјална селекција на нашите најпродавани апартмани кои се лоцирани во непосредна близина на плажа.

2. Побарајте апартман кој ќе Ви пружи доволен комфор

Пред да резервирате задолжително информирајте се за капацитетот и распоредот на апартманот. Изборот на апартман со одвоена спална соба е секогаш подобра опција од студио, понекогаш разликата во цена е мала а разликата во комфорот е значителна.

3. Изберете квалитетна дестинација која не е предалеку

Патувањата во текот на летната сезона знаат да бидат подолги од вообичаено. Главна причина за ова се гужвите на патиштата и граничните премини. За паметно искористување на скапоцените денови одмор најдобро е да изберете локација до која има добра патна инфраструктура, а да изобилува со убави песочни плажи и кристално чисто море.

4. Резервирајте навреме

Кога сезоната е во полн ек најдобрите сместувања се веќе одамна распродадени, па вам Ви преостанува мал и помалку квалитетен избор. За да го избегнете ова дефинирајте ја вашата летна локација што е можно порано. Така имате можност да изберете да летувате токму каде што посакувате кога Вам најмногу ви одговара, а имате можност и да искористите попуст за рана уплата.

5. Заштитете се од измами

На интернет секојдневно има различни огласи од луѓе кои нудат летување по поволни цени. Секојдневно се зголемува бројката на измамени луѓе кои уплаќале аванси за резервација на различни огласувачи. Токму поради ова најбезбедна опција за уплата се агенциите кои нудат склучување на писмен договор кој Ви гарантира дека она за што плаќате ќе биде остварено.