}

МАЛАГА ЛЕТО 2026

МАЛАГА ЛЕТО 06.08 и 13.08

АНДАЛУЗИЈА ( КОСТА ДЕЛ СОЛ)

Авион 8 дена / 7 ноќевања

1 ден  СКОПЈЕ – МАЛАГА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Лет за Малага во 14:10 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Малага во 18:50 часот. Трансфер до хотелот. Слободен ден за одмор и индивиуални активности. Ноќевање.

2 – 7 ден Слободна програма.  

8 ден  МАЛАГА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, трансфер до аеродромот во Малага во 10:00 часот. Лет за Скопје во 13:50 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Скопје после полноќ во 00:15 часот.

Беналмадена е еден од главните туристички центри на западниот дел од Коста дел Сол.

Општината Беналмадена се протега од подножјето на планините Сиера де Михас до самата плажа на брегот. Градот се наоѓа на рид, што значи дека има прекрасен панорамски поглед. Подолу се зградите на Аројо де ла Миел, каде што живее поголемиот дел од населението, и на крај, Беналмадена-Коста, која има голем број хотели и терени за голф, казино и марина. Широкиот спектар на објекти и услуги е надополнет со адреналински забавен парк. Впечатливо оригинален е замокот Бил-Бил, специфична структура изградена на плажата во 1934 година во неоарапски стил, денеска градскиот совет ја користи за организирање изложби и културни настани. Исто така, интересни се градините Муро, мешавина од растенија и вода дизајнирана од Сезар Манрике.

Андалузија е синоним за култура, историја, фиести, природни убавини и одлична храна. Ќе можете да посетите сè, од извонредни споменици до широк спектар на различни природни пејзажи. Еден начин да ја откриете културата на Андалузија е со истражување на местата кои се наградени со ознака за светско наследство на УНЕСКО. Во Гранада ќе ја видите палатата Алхамбра, градините Генералифе и средновековната населба Албаисин. Во Кордоба, нејзиниот историски центар со големата џамија-катедрала. Во Севиља, катедралата, палатата Алказар и Архивата на Индија.

Ќе најдете разновидни природни пејзажи кои се протегаат од плажите на Коста дел Сол, Коста де ла Луз и Алмерија до пространите маслинови градини на Хаен. Можете да го посетите Националниот парк Доњана – исто така прогласен за светско наследство.

Конечно, запомнете дека Андалузија има илјада различни вкусови кои чекаат да бидат пробани. Од шерито во Херез (Кадиз) и Монтиља – Морилес (Кордоба), до класичните чинии со свежо пржена риба позната како „пескаито фрито“ од Кадиз и Малага, сушена шунка од Хуелва и Кордоба, маслиново масло и други типични јадења како гаспачо и „салморехо“ (вид погуст гаспачо).

Препорачуваме за време на вашиот престој дел од многубројните екскурзии: МАЛАГА , МИЈАС, ГРАНАДА (опција со вклучена АЛХАМБРА),  СЕВИЉА – РЕАЛ АЛКАЗАР, КОРДОБА

МАЛАГА И КОСТА ДЕЛ СОЛ – СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА 
990 € по лице 

Цена во претпродажба за термин 06.08

990€ (61.380 мкд) – Hotel THB San Fermin  (Benalmadena) – 7 полупансиони

Цена на аранжманот за термин 06.08

1329€ (82.398мкд) – Hotel THB San Fermin (Benalmadena) – 7 полупансиони

Цена во претпродажба за термин 13.08:

1149€ (71.238 мкд) – Hotel THB San Fermin (Benalmadena) – 7 полупансиони

Цена на аранжманот за термин 13.08:

1299€ (80.538мкд) – Hotel THB San Fermin (Benalmadena) – 7 полупансиони

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:           

– Авионски превоз на релација: Скопје – Малага – Скопје (со едно преседнување) со вклучени аеродромски такси.

* Рачна торба со димензии 10*30*40см

* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг

– Сместување во хотел THB San Fermin https://www.thbhotels.com/en/hotel-san-fermin-costa-del-sol/ во Benalmadena, на база 7 ноќевања на полупансион

– Oрганизирани трансфери во Малага: аеродром – хотел – аеродром

– Организација на аранжманот и локална асистенција

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     

– Здравствено-патничко осигурување

– Туристичка такса: во хотел 2 – 3€ (по лице од ноќевање), се наплатува на рецепција.

– Чекиран багаж од 23кг – информација во агенција

– Доплата за 1/1 соба – 216€

ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ:

– Организиран панорамски разглед на Малага (приватен трансфер и локален водич) околу 50-70€, во зависност од бројот на пријавени.

– Посета на Гранада (приватен трансфер и локален водич) 50-70€,

посета на Гранада и Алхамбра 130-150€ во зависност од бројот на пријавени.

– Посета на Мијас (приватен трансфер и локален водич) 50€ – 70€, во зависност од бројот на пријавени.

– Посета на Севиља со Алказар влезница (приватен трансфер и локален водич) 120€ – 170€, во зависност од бројот на пријавени.

– Посета на Кордоба со вклучена влезница за џамијата (приватен трансфер и локален водич) 100€ – 190€, во зависност од бројот на пријавени.

– Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС.