Хотел Мелике 2* Кушадаси е помал хотел кој се наоѓа на Ladies beach, една од најубавите песочни плажи на Кушадаси – препорака за одмор во Турција. Хотелот Мелике Кушадаси е на околу 100 метри од морето, а околу 3 километри од центарот на одморалиштето Кушадаси . Во близина има станица на минибуси (долмус) кои возат до градот. Сите соби се климатизирани и опремени со телефон и балкон. Хотелот располага и со рецепција, ресторан, бар и базен со лежалки, идеални за одмор во Кушадаси. Услугата во хотелот е на база ноќевање со појадок или полупансион, доручек, вечера (шведска маса – самопослужување).