ХОТЕЛ ШУМСКИ ФЕНЕРИ – БИТОЛА

Овој мал семеен хотел се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер еден од најстарите паркови на Балканот со површина од 17.150 хектари – на надморска височина од 927 до 2601 метри. Хотелот е на 4 км од градот Битола и 25 километри од грчката граница. Заштитен знак на Пелистер се јасната изворска вода и реки, од каде што може да се види Пелагонија , водопадите и глацијалните планински езера – Големото и Малото, исто така познати како Пелистерски Очи.

Ресторанот кој е во склоп на хотелот нуди пријатен амбиент со извонредно гостопримство, во комбинација со одлична храна и избор на пијалоци, кој ќе ве инспирира. Овде можете да најдете соодветна атмосфера за романтична вечера или мала прослава. Од пролет до есен терасата е отворена секој ден, кога дозволуваат временските услови. Гостите можат да седат надвор на сончевата тераса и да уживате во прекрасната глетка на природата, убавата градина и цвеќињата со прекрасни кулинарски искуства.

Хотелот располага со 17 соби од кои

3 двокреветни со брачен лежај и можност за помошен лежај

4 двокрветни со два засебни лежаи

4 еднокреветни соби

2 трокреветни соби

3 двособни апартмани со дневна и спална соба со одприлика 60-65м^2. Најголемиот од нив има 76м2 и истиот има 2 спални соби и една дневна. Ниеден од апартманите не располага со кујна.

Сите соби се комплетно реновирани и располагаат со ТВ, кабловска телевизија, бежичен бесплатен интернет во целиот хотел,телефон, купатило со туш кабина, клима уред, централно греење и фен за коса. Апатманите се многу големи со две посебни соби, спална со екстра голем лежај и засебна дневна соба.

Цени изразени за наем на соба со појадок:

  • –        еднокреветна соба – ноќевање со појадок 1500 ден
  • –        двокреветна соба – ноќевање со појадок 2400 ден
  • –        трокреветна соба – ноќевање со појадок 3000 ден
  • –        апартман (3 лица)- ноќевање со појадок 3600 ден
  • –        апартман (4 лица) – ноќевање со појадок 3900 ден
  • –        апартман де лукс (бр.4) – ноќевање со појадок 4200 ден