Ако го погледнете Хотел Бисер од езерската шир, ќе останете фасцинирани од еден хармоничен спој од карпа и охридско – струшката архитектура. Ќе се запрашате дали ова го створила природата или е магија на човечкото битие? Во ова место се спојуваат духовното и световното благодарение на манастирот Св. Богородица и пештерската црква Св. Ѓорги од 13 век кои се во комплексот на хотелот. Заклучок кој ќе го донесете е дека пред Вас се наоѓа вистинскиот бисер на Oхридското крајбрежје.
Од балконите од прекрасно уредените 79 соби и 5 апартмани погледнете го езерото и дозволете му на езерското пространство да предизвика кај Вас восхит и релаксација. Тука секое утро можете да го доживете изгрејсонцето над планината Галичица. Местоположбата на овој Хотел кој е во спрега со карпестиот дел вдахнува можност за максимален одмор и духовен мир.
Собите се опремени со:
– ТВ приемник – Клима уред – Дирекна телефонска линија – Мини бар – Фен за коса
Дополнителни услуги:
– Перална – Сефови – Паркинг – Масажа (со доплата и закажување) – Фризер (со доплата и закажување)
Цените се изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8мкд
Цените се изразени по лице на ден, на база Ноќевање со појадок, Полупансион или Полн Пансион
Период: Пролет – Лето 2021
– BB =22 eur ( 1 350 ден) во двокреветна соба.
– HB = 28 eur ( 1 720 ден) во двокреветна соба.
+30% за еднокреветна соба
-Трето легло – 30%
Деца :
– 0-5 год гратис ( доплата ресторански дел)
– од 6-12 год -50%
– од 13 год цела сума
Доплата за extra ручек = 360 ден по особа
Услуги
-За деца од 0-5 години гратис. ( доплата доколку се користат ресторански услуги)
-од 6-12 години 50 % од цената на аранжманот
Дадените услуги вклучуваат: интернет wi-fi во лоби и ресторан, ДДВ 5%, туристичка такса и осигурување.
Во цената НЕ е вклучено мини бар и пијалок за време на ручек/вечера.
Доручек-Шведска маса
Ручек/Вечера-Избор од 2 мениа.