Хотелот е прв луксузен хотел на Копаоник со 5* и припаѓа на меѓународниот ланец на хотели Viceroy Hotels and Resorts. Ова е првиот објект од групацијата кој се отвора во Европа а втора ски дестинација во портфолиото на групата.
Хотелот располага со 119 соби, и тоа 66 king соби, 34 double queen и 19 апартмани.
Поголемиот дел од собите располагаат со Балкон и поглед на планината и ски стазите.
На гостите на располагање им се три ресторани и два бара каде можат да уживаат во гастрономските умешности на врвни кулинарски мајстори како и во понуда на пијалоци од цел свет.
За полно уживање на гостите на располагање им е Spa & Wellness центар со шест соби за масажа, два надворешни и еден внатрешен базен, теретана и салон за убавина.
Поради променливите цени за овој хотел даваме индивидуали понуди според вашиот термин:
Типови на соби:
KING ROOM 33–41 m2 – брачен кревет, купатило со голема затворена туш кабина
DOUBLE QUEEN 35–41 m2 – два помали брачни кревети, купатило со када
APARTMAN KOPAONIK 50–58 m2 – брачен кревет, купатило со када и туш кабина
APARTMAN KARAMAN 52–81 m2 – брачен кревет, купатило со када и туш кабина
KING ROOM + DOUBLE QUEEN ROOM 66–80 m2 – брачен кревет во спална, поврзаната соба со брачен или два помали кревети, купатило со голема туш кабина и када (во некои соби)
Услови
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
– Сместување на база ноќевање со појадок
– Користење фитнес центар
– Користење базени на отворено со топла вода
– Детско катче
– WI-FI низ цел хотел
– Спа центар ( сауна и затворен базен) САМО СО ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИН.
ДОПЛАТИ:
– Туристичка такса 1€ за лице по ноќ, деца од 7 до 15 год. 0.50€ , деца до 7 гратис ( ТАКСАТА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА )
– Доплата за вечера 30€ по лице на ден
– Доплата за ручек 25€ по лице на ден
– Доплата за 3-то лице во соба 50€ дневно
– Доплата за домашно милениче 50€ за цел престој (НА БАРАЊЕ)
Услови за деца :
– Деца од 0 до 6.99 години на заедничко легло со родители ГРАТИС
– Деца од 7-14.99 години на заедничко легло со родители 50% попуст
Дополнителни услуги:
– Хотелска гаража 20€ по возило на ден
Забелешка:
– Хотелот располага со соби за лица со инвалидитет
Политика за откажување:
– До 31 дена пред пред пристигнување 0% пенали
– Од 30-0 дена пред пристигнување 100% пенали
– Доколку гостинот го напушти хотелот предвремено, хотелот ги задржува средствата 100%.