Oдмор во Септември?

Дознајте зошто и каде препорачуваме одмор во Септември?

Септември во Грција е вистинскиот избор за сите оние кои сакаат вистински да се одморат надвор од гужвите во шпицот на сезоната.

Кога се размислува за одмор во Грција во септември, туристите прво го споменуваат и препорачуваат Халкидики. Халкидики во септември е совршен. Температурите се умерени а ја нема ниту гужвата која обично се создава во средина на летото. Поради овие причини ќе си овозможите одмор во вистинска смисла на зборот.

Меѓу другото септември е одличен за одмор и поради добрите цени на туристичките аранжмани кои се значително пониски во однос на оние од високата сезона.

Статистички температурата во Халкидики во септември обично се движи помеѓу 25 ° C и 30 ° C.

Температурата на морето на Халкидики во септември е околу 23-24 ° С.

Иако климата е наклонета за одмор, сепак има неколку работи на кои би требало да се обрне внимание.

На Ситонија (втор крак) во септември често има ветер, па ако сакате да го избегнете ризикот од разбранувано море подобро е да ја изберете Касандра (прв крак) со нејзините мирни летувалишта.

Нема да згрешите ако изберете да се одморите во Неа Потидеа, Калитеа, Фурка или Пефкохори.

Во почетокот на септември, просечната температура на Касандра е околу 30 ° С.

Втората половина на септември е исто така топла, но за некој степен поладна. Утрата и ноќите се свежи, но додека сонцето е високо на небото, лесно можете да пливате и вистински да уживате на полупразните песочни плажи.

Одморалиштата на полуостровот Касандра во септември се сметаат за исклучително мирни.

Што се однесува до излегувањето, кафулињата и клубовите се отворени до почетокот / средината на октомври, но помалиот број туристи влијае на самата атмосфера, затоа не очекувајте бурен ноќен живот.