Не е изнеднадување што полуостровот Касандра односно првиот крак на Халкидики е омилена дестинација на нашите туристи. Причините се многубројни но најмногу се издвојуваат близината, прекрасните плажи, но и прифатливите цени.

Изборот на место за одмор на овој полуостров е одличен за вкусот на секого. Идеален и за оние кои сакаат мир и тишина, но и за оние кои сакаат подинамичен ноќен живот. Блага медитеранска клима, живописни заливи, долги плажи, бројни таверни, барови и дискотеки, го прават ова место идеално за одмор.

Плажите на Касандра се добро познати и меѓу нашите туристи, но и во светот. Најголемиот дел од нив се горди носители – на сино знаме за чистота.

Пефкохори

На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот.

Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Целата шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо. Во нашата понуда има вили кои нудат пристојно сместување по пристапна цена.

Предлози за посета

Голден Бич

Голден Бич е плажа која го носи името по златната боја на песокот. Плажата се наоѓа на неколку километри од Пефкохори и со локалниот автобус е лесно достапна.
Плажата е урбанизирана, на неа можете да изнајмите чадори и лежалки.
По должината на плажата има борови дрвја кои во некои делови прават природна сенка.
Плажата е идеална за луѓе со мали деца.

Плажа Гларокавос (Glarokavos Beach)

Помеѓу Пефкохори и Паљури е плажата Гларокавос. Плажата е одлична за оние кои сакаат да избегаат од метежот.
По должината на плажата има борова шума што прави сенка. Донесете ја вашата опрема – чадори и простирки и целиот ден поминете го во мирисна сенка покрај кристално чистото море.
Плажата е популарна кај камперите, па дури и кај нуркачите.

Плажа Ксенија (Xenia)

Песокот, плитката вода, мирното, чисто и безбедно море, како и природната сенка се главните одлики на оваа плажа и ја прават многу привлечна за децата.

Плажата е урбанизирана и има барови.

За време на викендите во текот на сезоната, плажата Ксенија е полна со Грци кои доаѓаат од Солун за да се освежат и да се бањаат, па гледајте да стигнете таму што е можно поскоро или да го избегнете тоа (ако ви пречи гужвата, се разбира).

Со локален автобус е можно да се стигне и до плажата Ксенија од Пефкохори.