Фурка – информации и опис на местото
Фурка се наоѓа на западната страна на Касандра, првиот крак на полуостровот Халкидики. Со песочна плажа и долг сончев ден, таа е популарна кај туристи од сите возрасти, а е особено погодна за релаксиран и тивок одмор.
Ова туристичко место кое ќе ве освои на прв поглед со борови шуми, елки и маслинови градини се наоѓа на само околу 100 километри од Солун.
Фурка е место со прекрасно зајдисонце и најдолга песочна плажа што го носи „синото знаме“ на Халкидики. Се поголем број туристи од нашата земја уживаат на прекрасната, широка и долга песочна плажа.
Широки улици, плоштади, кафулиња и ресторани, во Фурка е доволно живо за оние кои сакаат динамично поминување на времето, а од друга страна, доволно тивко за оние кои сакаат да го поминат годишниот одмор со малку порелаксирано темпо.
Кристално чисто, топло море и сонце до доцна во вечерните часови, а во текот на ноќта ладовината од околните шуми се гаранција за квалитетен и незаборавен годишен одмор.