Будимпешта – Нова Година 2025 (Автобус)

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

30.12               СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред поранешен хотел Бристол на коцката во 15:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16:00 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

31.12               БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Време за прошетка и слободни активности. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во 17:00 часот факултативно крстарење со брод по Дунав. Вечерта во 22:00 часот дочек на Новата 2025 Година на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.

01.01               БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. Во 10:00 часотзадолжителен панорамски разглед на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечерта во 20:00 часот следи факултативна вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

02.01               БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци. Посета на шопинг центар Арена. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови следниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 € / 14.820 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со туристички автобус на наведената релација

Сместување во Хотел 3*/4* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич – 15 евра

Крстарење со брод по Дунав 20 евра

Посета на Сент Андреа  20 евра

Вечера во ресторан Чарда

          Влезници за музеите и културно – историските споменици

          Патничко – здравствено осигурување

          Доплата за 1/1 соба 6.200 денари

         Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

Туристичка такса 5  по лице за целиот престој (се плаќа во автобус)


ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа) – 50 евра

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. ИН Травел Сервис и СКТМ

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5(пет) дена пред поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.