Капри
Капри “остров на љубовта”- Островот Капри е едно од најпознатите и најексклузивните одморалишта во светот заради својата преубава природа, азурната чиста вода, преубавите плажи, неверојатните погледи, лимоните, растенијата и дрвјата, погледите на “Фараглиони“ (На италијански – faraglioni, крајбрежни карпести формации еродирани од бранови), свежата морска храна како и лабораторијата на врвот на Капри каде сто се прават парфеми направени од цвеќињата и билките на островот. Можете да го понесете преубавиот мирис на Капри со Вас дома.
Патеките кон плажите се еднакво неверојатни, како и самите плази, фантастичните вили, Италијанска елеганција на архитектурата.
Пробајте лимон сорбе сервиран во лимоните на Капри за само неколку евра, свежа домашна паста и морска храна во beach клубот Ла Фонтелина, spaghetti fritata на плажата Marina Piccola каде сто капењето е бесплатно.
Капри можете да го доживеете онака како што посакувате од елитни ресторани и бич барови па се до италијански сендвичи, овошје и пијалаци за само неколку евра во локалните супермаркети и уживање на една од бесплатните плажи кои што се еднакво сензационални: Marina Grande, Bagni di Tiberio, Marina Piccola или пак плажата AnaCapri.