}

Пефкохори – Вила WATERFRONT, Грција Лето 2026

Пефкохори е живописно и современо летувалиште кое совршено ја спојува традиционалната грчка убавина со модерниот туристички стил. Опкружен со зелени борови шуми и тиркизно море, нуди бројни можности за рекреација, прошетки и уживање во локалната гастрономија. Плажите во Пефкохори се меѓу најубавите на Халкидики – долги, песочни и со кристално бистра вода која блеска под сонцето. Во непосредна близина се наоѓа Паљури, едно од најубавите места на крајниот југ на Касандра, познато по своите егзотични плажи, јасно сино море и луксузни плажни барови кои создаваат вистинско медитеранско искуство. Ова место е идеално и за семејства и за млади кои сакаат комбинација од релаксација, природна убавина и забава.

Локација:  Вила Waterfront се наоѓа на 20м. од плажа, на самото шеталиште во Пефкохори.

Сместување: Мезонет на 3 спрата (приземје, прв и втор кат)

  • Приземје: Дневен престој  со опремена кујна и дневна соба, гостински тоалет и тераса.
  • Прв кат: Две спални соби со по два единечни кревети, тоалет и тераса.
  • Втор кат: Една спална соба со два единечни кревети, простор со еден клик-клак кауч (возрасен + дете), тоалет, тераса.
  • Терасите на спрат имаат поглед на море.
  • Бебешко креветче и дополнителен помошен кревет.
  • Клима уред е вклучен во цената.
  • Пешкири и хигиенски средства  нема во сместувачките капацитети.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

ЦЕНОВНИК  ЗА 7 НОЌИ

ПериодБр.на ноќи1/6+3 мезонет
31.05-07.067530€
07.06-14.067750€
14.06-21.067860€
21.06-28.067970€
28.06-05.0771190€
05.07-12.0771400€
12.07-19.0771630€
19.07-26.0771850€
26.07-02.0871850€
02.08-09.0871850€
09.08-16.0871850€
16.08-23.0871850€
23.08-30.0871850€
30.08-06.0971630€
06.09-13.0971400€
13.09-20.0971190€
20.09-27.097860€

ЦЕНИТЕ  СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ  НА  АПП   ЗА  7 НОЌИ.

Задожолжителна доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во Агенција).

Превозот се доплаќа

 Повратен превозЕден правец
Возрасен 50€40€
Деца од 02-12 год.40€30€
Деца до 2 год.Бесплатно (без седиште)Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ЛОКАЦИЈА

Кликнете на сликата за прикажување на локацијата на Google Maps

Villa WaterFront – објект 17

НАПОМЕНА

  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

                                                                      ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ!