}

Врњачка бања 23 Октомври

ВРЊАЧКА БАЊА 23-ти ОКТОМВРИ

ТЕРМИН: 23.10-25.10.2025

РЕДОВНА ЦЕНА: 169€/ 10.478МКД

ПРОМО ЦЕНА 149€/ 9.238 МКД
Овој прекрасен и сè попопуларен спа центар се наоѓа во централниот дел на Србија. Покрај топлите, лековити води, бујното зеленило и прекрасно уредениот парк, Врњачка бања им нуди на своите гости идеален релаксирачки одмор за сите генерации. Врњачка бања е мало гратче со пријатна атмосфера, чиј секој агол е проткаен со посебна приказна, чии простори се одржуваат со голема грижа и труд. Најдобар доказ за ова е прекрасно уредениот градски парк, центарот на оваа туристичка дестинација, како и нејзините бројни други атракции, кои за овој продолжен викенд ќе имате можност да ги писетите.

Хотел „Лидер С“-Се наоѓа на најексклузивната локација, со прекрасен поглед на кралицата на спа туризмот, веднаш до централниот парк Врњачки и најпознатиот велнес центар „Фонс романус“.
Со својата индивидуалност, модерен стил и деловен шарм, е во чекор со потребите на сегашното време, современото работење и квалитетот на туристичките услуги.
Собите се луксузно опремени со внимателно одбрани ентериерни дизајни, со пространи бањи и туш кабини, фен, пешкири, климатизација, LCD телевизори, мини барови, а особено нагласуваме дека секоја соба има тераса..

Термални базени и Aqua Park-Термалната вода во комплексот Врњачка Терме извира од лековити термални извори. Оваа вода е богата со минерали и е потопла од обичната вода од чешма, бидејќи се загрева во внатрешноста на Земјата поради близината на вулканска магма и лава. Термалните води извираат на голема длабочина и собираат минерали од разни видови карпи по патот, поради што оваа вода има благотворно дејство врз кожата и е погодна за лекување на разни болести. Аква паркот располага со 5 внатрешни базени со 2 лизгалки и 3 надворешни базени (за рекреација, пливање, со масажери, со 2 лизгалки, детски). Температурата на водата е константна од 32℃ до 36℃, и во внатрешните и во надворешните базени. Нашите гости од хотелот „Лидер С“ добиваат специјален попуст за користење на базените во Аква Парк Врњачке Терме.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз на наведената релација.
-Сместување во Хотел Лидер С 3* во двокреветни или трокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса https://www.hotelliders.com/  -Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: финска сауна, инфра кабина, тепидариум, солена соба
(Организиран превоз Кочани, Штип, Велес и Куманово)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Туристичка такса 5еур / 310мкд по лице-се плаќа во агенција 
-Посета на манастирот Жича -15еур / 930мкд по лице
-Влезница за Аква паркот-10еур /620мкд по лице (се купува на лице место)-да си понесете папучи и пешкири
-Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
-Патничко осигурување (200мкд)

23.10.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ-ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во Хотел Лидер С 3*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето. Прошетка и разглед на центарот на Врњачка бања -Мостот на љубовта, Римските извори, изворт Снежник, Језеро и Склатина. Враќање во хотел и слободно време за користење на Спа центарот -финска сауна, инфра кабина, тепидариум, солена соба. Вечера. Ноќевање.

24.10.2026 (САБОТА) ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќањево хотелот . Слободно време за користење на содржините на Спа центарот на хотелот или индивудуална посета на Аква Паркот кој е во непосредна близина на хотелот. Вечера. Ноќевање.

25.10.2026 (НЕДЕЛА)-ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за поаѓање. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете до 2.99 – бесплатно 
– Дете 3-6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само за оброци и превоз 65€/4.030ден (на барање).
– Дете 7-11.99год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет-50% попуст или 75€/4.650ден
– Во апартман 2 возрасни и 3деца од 7-11.99г, 1во и 2ро дете плаќаат 50% (75евра), а 3то дете плаќа само оброк и превоз 65евра
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– 3то и 4то лице во апартман плаќаат полна сума (на барање)
– Намалување за сопствен превоз 10€/ 620ден од патник- на редовна цена

НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
-За ова патување важат Општите Услови за Патување