}

ПАРИЗ Ноември 26.11 (Сигурна реализација)

ПАРИЗ

Градот на светлината и љубовта

Авион /4 дена /3 ноќевања

Сместен на бреговите на реката Сена, Париз со право ја носи титулата еден од најубавите и најромантичните градови во светот. Град со богата историја, бесценето културно наследство и огромно влијание врз уметноста, модата, архитектурата, дизајнот и гастрономијата. Замислете утрото со мирис на свеж кроасан и кафе во некое од шармантните париски кафулиња, денот продолжува со прошетка покрај Сена и незаборавни погледи кон величествената Ајфелова кула, задолжителни фотографии покрај Триумфалната капија, прошетка низ прочуените париски улици и запознавање со безвременските знаменитости како Нотр Дам и Монмартр… И кога ќе се спушти вечерта, Париз добива сосема поинаков сјај – светлата, музиката и неповторливата атмосфера го прават градот уште помагичен, а легендарниот Мулен Руж е еден од главните симболи.
За оние кои сакаат барем на еден ден да се вратат во светот на детството, тука е Дизниленд Париз – место каде фантазијата оживува. Волшебни замоци, спектакуларни претстави, паради, атракции, огномети и омилените Дизни ликови создаваат доживување кое подеднакво ги воодушевува децата, тинејџерите и возрасните.

1 ДЕН – 26.11 | СКОПЈЕ – ПАРИЗ – ШАНЗЕЛИЗЕ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Париз во 13:00 часот, со предвидено пристигнување во 16:05 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот, сместување и кратко време за одмор. Во вечерните часови започнуваме со првото запознавање со магијата на Париз. Предвидена е пешачка прошетка до величествената Триумфална капија, еден од најпрепознатливите симболи на француската престолнина, а потоа продолжуваме по прочуените Елисејски полиња – Шанзелизе, една од најпознатите и најубавите авении во светот. Следува слободно време за прошетка, фотографирање и уживање во неповторливата париска атмосфера, со можност за посета на некое од бројните кафулиња, ресторани и локали долж авенијата. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

2 ДЕН – 27.11 | ПАРИЗ – ЛУВР – ЛАТИНСКИ КВАРТ ИЛИ ДИЗНИЛЕНД

Појадок во хотел. За оние кои ќе го поминат денот во Париз, продолжуваме со прошетка и запознавање со некои од најпознатите знаменитости на француската престолнина. Посета на плоштадот Конкорд, по што продолжуваме кон еден од најпознатите музеи во светот – Лувр. Предвидено е слободно време за фотографирање, кафе или ужина, а љубителите на уметноста имаат можност индивидуално да го посетат музејот и неговата непроценлива колекција на уметнички дела, меѓу кои и славната Мона Лиза на Леонардо да Винчи. Продолжуваме кон живописниот Латински кварт и квартот Сен Мишел, препознатливи по својата боемска атмосфера, шармантните улички, кафулиња и ресторани. Во продолжение е предвидена прошетка покрај Луксембуршката градина, катедралата Нотр Дам и други препознатливи париски знаменитости. Во текот на денот можност и за посета на прекрасната Опера Гарние, еден од највпечатливите архитектонски бисери на Париз. Слободна вечер за индивидуални активности и уживање во градот. Враќање во хотел во индивидуална организација. Ноќевање.
ИЛИ
Можност за факултативна посета на Дизниленд Париз, со превоз со брз воз. Ден исполнет со магија, забава и незаборавни доживувања за посетители од сите генерации. Комплексот нуди тематски паркови со бројни атракции, спектакли и средби со омилените Дизни ликови, како и голема шопинг и забавна зона со продавници, бутици, ресторани и кафулиња. Слободно време за индивидуално уживање во атракциите и содржините на паркот. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

3 ДЕН – 28.11 |  ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – СЕНА – АЈФЕЛОВА КУЛА

Појадок во хотел. Можност за факултативна посета на величествениот дворец Версај, до кој се пристигнува со јавен превоз. Некогашната резиденција на француските кралеви претставува едно од најзначајните ремек-дела на француската архитектура и еден од најраскошните дворски комплекси во Европа. Следува разгледување на импозантните кралски апартмани и прочуената Сала со огледала, каде и денес може да се почувствува раскошот и величественоста на некогашниот француски двор. По посетата е предвидено слободно време за одмор и ручек, по што се враќаме во централниот дел на Париз. Во попладневните часови препорачуваме романтично крстарење по реката Сена – прекрасна можност Париз да се доживее од една сосема поинаква перспектива, со поглед кон неговите најпознати знаменитости и прекрасните мостови што ја премостуваат реката. По крстарењето препорачуваме посета на најпознатиот симбол на градот – Ајфеловата кула, со можност за искачување и уживање во незаборавната панорамска глетка кон Париз. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

4 ДЕН – 29.11 | ПАРИЗ – МОНМАРТР – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Последното париско утро го резервираме за еден од најромантичните и најживописните делови на градот – Монмартр, познатиот кварт на уметниците, кој со своите тесни улички, мали плоштади и препознатлива боемска атмосфера со децении ги инспирира уметниците од целиот свет. Следува прошетка низ Монмартр и квартот Пигал, познат по својата динамична атмосфера и бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Moulin Rouge. По прошетката следува враќање и подготовка за заминување. Организиран трансфер до аеродромот околу 12:00 часот. Полетување за Скопје во 14:55 часот, со предвидено пристигнување во 17:40 часот.

попуст за ранa уплатa до 30.09:   479 €  / 29.700мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:               529 €  / 32.800 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
      Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
      Аеродромски такси
      Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
      Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
      Сместување во Hotel Ibis Paris Clichy 17 Clichy Batignolles 3* 
       во Париз на база 3 ноќевања со појадок.
      Организиран пешачки разглед на Париз според програмата
      Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
       Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг 
         *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
      Туристичка такса 1.200мкд  – се плаќа во агенција
      Карти за јавен превоз (метро)
      Патничко-здравствено осигурување
      Доплата за еднокреветна соба 9.700мкд
  
Цена на влезници:
Версај  –  влезница за возрасни 40евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
Лувр –  влезница за возрасни 40евра, деца и младинци до 18 години 5евра.
*Напомена – влезниците за Лувр и Версај се индивидуални, без придружба на локален водич,
за аудиоводич се доплатува 8 евра. 
Крстарење по Сена – 25 евра за возрасни, за деца до 12 години 15 евра.
Дизниленд –  влезница само за забавниот парк (1 парк),  за возрасни 90евра, за деца 3 – 11 години  85евра. Трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во двата правец.
 
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
Дете до 2 години полаќаат 4.900мкд,
дете 2-12години плаќаат 449евра во придружба на 2 ворасни лица.
Фамилии со 2 деца мора да бидат сместени во 2 двокреветни соби.
 
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
При откажување на аранжманот, доколку согласно условите не се применуваат пенали за отказ, се наплатува единствено манипулативен трошок во износ од 620 денари по резервација. Истиот манипулативен трошок од 620 денари по резервација се наплатува и при секоја промена на веќе направена резервација.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС.