}

МАЛТА 23-ти Октомври

МАЛТА-БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 € / 28.400 мкд
ПРОМО ЦЕНА : 399 € / 24.700 мкд

Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.

23.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување во 20:50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:35 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.

24.10.2026 (сабота) СКОПЈЕ – МАЛТА
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет со посета на средновековниот град Мдина и фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’ Qali. Продолжување кон Сината Пештера – Blue Grotto. Доколку дозволуваат временските услови, можност за пловење со бродче низ пештерите, со доплата од околу 10 €. Разглед на Валета: градската порта, главната улица, плоштадот на Републиката и градините Barracca, со панорамски поглед кон Големиот Залив и Трите Града. Можност за посета на Катедралата Св. Јован со доплата од 15 €. Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Ст. Џулиан, познат по бројните ресторани, барови и ноќниот живот. Ноќевање.

25.10.2026 (недела) СКОПЈЕ – МАЛТА ГОЗО
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо.Посета на Dwejra Bay и Внатрешното Море, со можност за пловење со бродче доколку дозволуваат временските услови, со доплата од околу 5 €.Панорамски разглед на Викторија, посета на Старата Цитадела и селото Фонтана каде што ќе имате можност за дегустација на производи од локално производство. Слободно време за ручек во заливот Xlendi.Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Слима, позната по шопингот, рестораните, кафулињата и шеталиштето покрај морето. Ноќевање.

26.10.2026 (понеделник) СКОПЈЕ – МАЛТА ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот, куферите ги оставаме во хотел.Се упатуваме на факултативна посета на селото на Попај (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village) кое е наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Трансфер до аеродром 17:30. Полетување за Скопје во 20:25 часот. Слетување во 22:05 часот.

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
– Аеродромски такси
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во Малта на база 3 ноќевања со појадок во Privilege Suit Sliema или сличен
– Заедничка вечерна прошетка низ Слиeма
– Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
– Организација на аранжманот и придружник на патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– Посета на Попај село 50 евра (трансфер и влезница)
– Излет по Малта (Ta Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) 65 евра (трансфер, локален водич)
– Посета на Гозо 75 евра (трансфер, брод, локален водич)
– ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 170 евра
– Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
– Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
– Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:
Доплата за еднокреветна соба 5.500 мкд
Деца до 1.99 год плаќаат 50 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓа

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
– Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС.