ГРУПНО ПАТУВАЊЕ / ДАТУМ НА ПАТУВАЊЕ 20-25.11.2025 (5ноќи)
Мадрид – метропола во самото срце на земјата, со широки булевари, импресивни палати во стакло и гипс, пространи плоштади, раскошни фонтани, паркови, цркви и култирно историски споменици…
Мадрид, познат по својата блескава бела Кралска Палата, по зелените оази во Ретиро паркот, по своите музеи …но, многу повеќе зрачи поради луѓето што живеат таму, љубезни и гостољубиви, секогаш расположени за разговор. Град познат по сиести и попладневен одмор а навечер по преполни барови и ноќни клубови …кој бил, знае



МАДРИД, главниот град на Кралството Шпанија, сигурно заслужува внимание од секој сериозен турист. Сместен во срцето на Иберискиот Полуостров, богат со содржини, музеи, импресивна архитектура, плоштади и облакодери… знаменитости како што се Плаза де Еспања, Гран Виа, Пуерта дел Сол (Сончева Порта), Плаза Мајор (Главен плоштад), Пуерта де Толедо (Триумфална Капија), Парк Ретиро, Плаза де Сибелес, Саламанка, стадионот Сантијаго Бернабеу и многу повеќе што го прави главниот град на Шпанија уникатен. Со атрактивни факултативни екскурзии како што се средновековниот главен град на Шпанија, Толедо и Сеговија, ќе го заокружите прекрасното патување.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 699€ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА
Детали од лет
Skopje – Madrid 16:45 – 20:40 (W6 4815)
Madrid – Skopje 20:45 – 00:15 (W6 4816)
Ден 1. СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на Скопски Аеродром два часа пред летот. Групно пријавување и оставање багаж. Поаѓање за Мадрид во 16:45 часот (лет W6 4815, Wizz Air). Пристигнување во Мадрид во 20:40 часот. По слетувањето, трансфер до хотел. Ноќевање.
Ден 2. МАДРИД – ПЕШАЧКА ТУРА
Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување и шопинг или факултативна пешачка тура низ градот со водич. Пешачка прошетка низ центарот на Мадрид, (трансфер со локален превоз), по познатата Авенија Гран Виа, (Големата улица) која се карактеризира со високи скалести згради, Плоштадот Пуерта дел Сол, Фонтанaтa Нептуно, Плоштадот Сибелес, Кружен плоштад со фонтана од 18 век, Портата Алкала (Триумфалната порта)… Прошетката продолжува до Шпанскиот плоштад каде има висок бел споменик посветен на Мигел де Сервантес и хероите од неговиот роман „Дон Кихот“, Плоштадот Ориенте, Кралската Палата, Катедралата Алмудена каде се венчаа сегашниот крал Филип VI и Летиција, познатиот Меркадо де Сан Мигел, Црквата Св. Исидор, заштитникот на Мадрид, Плоштадот Мајор… Можност за посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Во вечерните часови, можност за уживање со заводливиот ритам на шпанската музика со уникатните звуци на гитарата и спектаклот на оригиналниот танц Фламенко. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3. МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. Слободни денови за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање факултативна екскурзија до Толедо. Толедо – Екскурзијата вклучува посета на средновековната престолнина на Шпанија, позната по тоа што таму живеел и работел познатиот сликар, скулптор, архитект и писател Ел Греко. Толедо е оддалечен околу 70 км од Мадрид. Низ историјата, тој бил обликуван од бројни народи (Римјани, Визиготи, Маври..) и сите тие оставиле свој белег врз развојот на градот. Толедо останал главен град на Шпанија до 1561 година, кога Мадрид ја презел таа улога. Заминување за Мадрид во договореното време. Слободно време. Ноќевање.
Ден 4. МАДРИД
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми. Посетете го музејот THYSSEN BORNEMISZA, со преку 800 слики и скулптури, меѓу кои се делата на познатите Караваџо и Рубенс… искусете го доживувањето на вкусови во Слаткарницата San Gines која е отворена во 1894 година, позната по „чурос со чоколадо.
Прошетајте го познатиот парк Ретиро, еден од најубавите и најголемите градски паркови во Европа. Поранешниот кралски имот кој им служел на кралевите како отмено место за одмор, денес е омилена зелена оаза во центарот на градот, со езеро и градини, каде може да пешачи по живописниот Paseo de la Argentina до Casita del Pescador, Кристалната палата, градината со рози Ла Росаледа. Тука е наоѓа и ЗОО – Аквариумот во Каса де Кампо. Во близина е еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило. Ноќевање.
Ден 5. МАДРИД – СЕГОВИЈА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна екскурзија до Сеговија. Сеговија се наоѓа во регионот Кастиља и Леон, на околу 180 км од Мадрид. Главни обележја на градот се најдобро зачуваниот римски аквадукт, катедралата и замокот, поради што Сеговија е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Карактеристичната панорама на овој град, чии згради се изградени од теракота и варовник, се наоѓа на ридовите на Кастиља околу Сиера де Гвадарама. Обиколка на стариот дел од градот: Плаза Мајор, панорама на катедралата, плоштадот Свети Мартин, благороднички кварт со палати и цркви. Обиколка на замокот Алказар и пауза за индивидуална обиколка и прошетка. Заминување за Мадрид во договореното време. Слободно време. Ноќевање.
Ден 6. МАДРИД – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување. Слободно време до заминување за трансфер. Трансфер до Аеродромот во Мадрид. Лет за Скопје во 20:45 часот (лет W6 4816, Wizz Air). Пристигнување во Скопје во 00:15 часот во раните утрински часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релацијата Скопје-Мадрид со WIZZAIR со вклучени аеродромски такси и вклучен багаж ранец (со димензии 40х30х20см до 8 кг)
Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Мадрид
Сместување во Хотел Espahotel Plaza Basílica 3* или сличен во Мадрид на база 5 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Факултативни посети и влезници во локалитетити
*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 12 ЛИЦА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и ИнТравел