ТЕНЕРИФЕ

*** ГРАТИС ПОСЕТА НА НАЈАТРАКТИВНИОТ ЗОО ПАРК НА СВЕТОТ- ЛОРО ПАРК***

ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

ДЕН 1

СКОПЈЕ* – БЕЛГРАД – ТЕНЕРИФЕ 

Состанок на групата на аеродромот „Никола Тесла“ во договоренот време. Во утринските часови се качуваме на летот за Тенерифе. Летот од Белград е со прекачување. Во попладневните часови стигнуваме на преубавиот остров Тенерифе. Трансфер до сместувањето во Puerto De La Cruz.

Запознавање со околината. НОЌЕВАЊЕ

*Можност за трансфер на релација Скопје- Белград (со доплата)

Ден 2-3

Puerto De La Cruz

Наредните денови ги користиме истражувајќи го најубавиот град и главното туристичко место на островот- Puerto De La Cruz. Ќе имаме можност да се дружиме со локалното население, да

пробаме локална храна и вино, да шетаме по градските улици и уживаме во мешавината на модерната и колонијалната архитектура, и секако да се бањаме на необичните плажи од црн

вулкански песок која го опкружува градот. Организирана посета на ЗОО Парк- ЛОРО ПАРК, каде се наоѓа најголемиот аквариум со делфини и пингвини на светот, мнозинство на атракции од

животинскиот свет. Исто така градот е богат со разновидни содржини, за кои ќе имате можност за индивидуални прошетки и квалитетно искористено време. За време на престојот во Puerto De La Cruz, планирана е прошетка низ островот и неговите најзначајни точки, па низ факултативниот

излет ќе го посетиме главниот град Santa De La Cruz, како и универзитетското место La Laguna (под заштита на UNESKO). Посета на пазар, стариот плоштад, црквата на Христос, плоштадот Plaza Del Adelantado. Излетот го продолжуваме низ планината Мерцедес, на кај Баладеро низ Лореловата шума, се до најубавата островска плажа- Playa de Las Teresitas. Песокот на оваа плажа е донесен од Сахара и затоа има златна боја. Умерената клима, бескрајно пријатните локалци и

единствената природа го прават овој остров препознатлива светска дестинација. 2 НОЌЕВАЊА

Ден 4

Puerto De La Cruz – Costa Adeje

После три дена го напуштаме преубавиот Puero De La Cruz и се селиме на рајските плажи на

јужната страна на островот. Трансфер до Costa Adeje во претпладневните часови и се сместуваме во близина на една од најубавите плажи на островот. Запознавање со околината. НОЌЕВАЊЕ

Ден 5-9 Costa Adeje

Овде нема да ни биде потребно ништо за добро расположение и желба за уживање. Јужниот дел на Тенерифе е познат по добриот одмор, убавите плажи и пеубавата природа, а Costa Adeje е место кое најуспешно ги комбинира сите наведени работи. Во непосредна близина се наоѓаат

низа на атракции и знаменитости- познатата Playa De Las Americas, улицата на ноќниот живот Veronicas, многу водени паркови и познати голф игралишта.

Тенерифе Диско Патување8
Тенерифе Диско Патување8
Тенерифе Диско Патување8

Понатаму, во текот на престојот, низ факултативни излети ќе ги посетиме најубавите делови на јужниот дел на островот- ќе го запознаеме преубавиот национален парк Teide, бисерот на цела Шпанија- вулкански локалитет кој е под заштита на UNESCO. Необичните каменести форми и

бескрајниот вулкански релјеф, навистина се неповторливи. Ќе го посетиме и најубавото село на Тенерифе- селото Маска, познато по убавите пејсажи кои го опкружуваат. Од ден во ден ќе се

повеќе ќе ја откриваме убавината на островот- ќе имаме прилика преку факултативен излет да го посетиме и соседното островче La Gomera, од каде што Колумбо тргнал на пат кон Новиот Свет.

Во текот на излетите се посетуваат најатрактивните локации како престолнината San Sebastian De La Gomera, врвот Garajonaj, лоборова шума, ботаничка градина (самиот остров се нарекува и

ботаничка градина на море), каде ќе може да се видат плантажи на авокадо, папаја, манго и

банани. Многу попатни видиковци даваат неверојатен поглед на необичниот пејсаж на островот.

5 НОЌЕВАЊА

Тенерифе Диско Травел

Ден 10

Тенерифе- Белград – Скопје*

Тргнување на аеродром во претпладневните часови и лет за Белград, со прекачување. Пристигнување во Белград во вечерните часови. КРАЈ НА ПАТУВАЊЕТО

*Можност за трансфер на релација Белград- Скопје (со доплата)

ЦЕНИ И УСЛОВИ

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авио карта на релација Белград- Тенерифе- Белград со сите аеродромски такси
  • Сместување на база ноќевање со појадок во апартмани во 1/2 соби

За поаѓањето на 15.06: сместување на база 4 ноќевања со појадок во апартман во PUERTO DE LA CUZ и сместување на база 6 ноќевање со доручек во апартман во COSTA ADEJE

За поаѓањето на 26.06/ 10.07/ 24.07/ 31.07/ 14.08/ 28.08/ 11.09/ 25.09: сместување на база 5 ноќевања со појадок во апартман во PUERTO DE LA CUZ и сместување на база 6 ноќевање со доручек во апартман во COSTA ADEJE

  • Сите трансфери на Тенерифе према програмата на патување
  • Посета на ЗОО Парк- LORO PARK
  • Организација на патувањето
  • Претставник од агенцијата на дестинацијата

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Трансфер Скопје- Белград
  • Патничко осигурување
  • Факултативните излети и сите влезници за културно- историски споменици
  • Еднокреветна соба (на барање)
  • Трокреветна соба (на барање)
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за хотел со 4* на база ноќевање со појадок за време на целиот престој

 Начин на плаќање:

  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 20дена пред поаѓање
  • Цените се изразени во EUR, во денарска противвредност 1€= 62,00 мкд

 Напомени:

  • Програмата се базира на минимум 10 патници
  • По купувањето на авионски билети, парите уплатени за нив не може да се вратат, а во тој случај важат условите и условите на авиокомпанијата
  • Поради најновите случувања и промени во цените на горивата на светскиот пазар, крајната количина на авионски такси е предмет на промена
  • Патниците се должни да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат
  • За повеќето дестинации, пасошот треба да важи најмалку 6 месеци по завршувањето на патувањето

СМЕСТУВАЊЕ

PUERTO DE LA CRUZ

Сместувањето се наоѓа на неколку минути пешки со плажа. Сите соби се од апартмански тип, со салон, опремена чајна-кујна и балкон. Во склоп на сместувањето се наоѓа базен. Сите гости имаат достапен WI-FI интернет. Собите се двокреветни и трокреветни, имаат фрижидер, опремена чајна- кујна, тоалетен прибор, вентилатор. Исто така објектот има ресторан каде се служи доручекот, а понудута е мешавина на интернационална и локална кујна.

COSTA ADEJE

Сместувањето се наоѓа на десетина минути пешки од плажата. Сите соби се од апартмански тип, со салон, опремена чајна-кујна и балкон. Во склоп на сместувањето се наоѓа базен. Сите гости имаат достапен WI-FI интернет. Собите се двокреветни и трокреветни, имаат фрижидер, опремена чајна- кујна, тоалетен прибор, вентилатор. Исто така објектот има ресторан каде се служи доручекот.

HOTEL 4*, PUERTO DE LA CRUZ

Хотелот се наоѓа преку патот на плажа и некои 10 минути пешки од самиот центар на градот. Има два отворени базени, welnes дел, сауна и теретана. Собите се пространи, убаво опремени и секоја соба поседува клима уред, балкон, ТВ и фрижидер. Доручекот се служи во хотелскиот ресторан, а во понудата имаат и a la carte мени.

HOTEL 4*, COSTA ADEJE

Хотелот е на одлична локација со директен излез на плажа. Има голем отворен базен, welnes centar, сауна и кровна тераса со два базени. Собите се удобно опремени, имаат тераса и се климатизирани. Во понудата се двокреветни и трокреветни соби. Покрај ресторанот каде се служи доручекот, хотелот има бар покрај базенот каде што се организираат тематски вечери и музика. Сите гости на располагање имаат бесплатен WI-FI интернет.

ФАКУЛТАТИВИ

1. СЕЛОТО МАСКА и “TEIDE“ НАЦИОНАЛЕН ПАРК

Во текот на излетот ќе имаме прилика ја посетиме најзначајната точка на југот на островот. Пред се ќе се запознаеме со преубавиот национален парк Teide, вулкански локалитет кој е под заштита на UNESCO. Ќе се воодушевиме од бескрајните каменести релјефи и формации кои навистина

претставуваат единствена атракција. Teide го претставуваат како една од најфотографираните точки во цела Шпанија. По паузата за ручек ќе го посетиме најубавото село на Тенерифе- селоту Маска, познато по преубавите пејсажи кои го опкружуваат и го прават егзотично. Враќање во хотел во вечерните часови. / 90€

*Во цената е вклучено: трансфер, ручек и водич во текот на излетот.

2. LA GOMERA

Островчето La Gomera, познато и како магичен остров, бил последна станица на Кристофер

Колумбо пред да тргне кон откривање на Новиот Свет. До него се стигнува со траект (возењето трае околку 45 минути). Во текот на излетот се посетуваат најатрактивните локации, како

престолнината San Sebastian De La Gomera, врвот Garajonaj, ловорoва шума и ботаничка градина (самиот остров се нарекува и ботаничка градина на море), каде ќе може да се видат плантажи на авокадо, папаја, манго и банани. Многу попатни видиковци даваат неверојатен поглед на

необичниот пејсаж на островот. За време на паузата за ручек, ќе се демонстира и Silbo Gomero- стариот домородски јазик. / 120€

*Во цената е вклучено: трансфер, возење со траект, влезница, ручек и водич во текот на излетот.

3. ТУРА НА СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД ОСТРОВОТ

Во текок на прошетката низ преубавото Тенерифе ќе имаме прилика да ги посетиме некои од

најзначајните места и локалитети на северниот дел од островот. Ќе го посетиме универзитетското место La Laguna (исто така под заштита на UNESCO). Ќе го посетиме пазарот, стариот плоштад,

Црквата на Христос, плоштадот Playa Del Adelantado. Излетот го продолжуваме низ планината Мерцедес, на кај Баладеро, низ Лореловата шума, се до најубавата островска плажа- Playa de Las Teresitas. Песокот на оваа плажа е донесен од Сахара и затоа има златна боја. Излетот го

завршуваме со посета на главниот град на Тенерифе- Santa Cruz. Во текот на излетот ќе биде организирана пауза за ручек. / 70€

*Во цената е вклучено: трансфер, влезница и водич во текот на излетот