12.03- 21.03
Промо 1499евра |Прва минута 1599евра |Регуларна 1699евра
10.04-19.04
Промо 1499евра |Прва минута 1599евра |Регуларна 1699евра
ДВА ОСТРОВИ ХИММАФУШИ + МААФУШИ
ПАКЕТ ОД 9 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
Ден 1
Белград – Мале
Состанок на аеродромот Никола Тесла во договореното време. Вечерен лет за Малдиви со прекачување.
*Можност за организиран трансфер од Скопје или од друг град во Македонија со доплата – побарајте понуда од агентот при резервација*
Ден 2
Мале- Химмафуши
Слетување во Мале, главниот град на Малдиви. Трансфер со брод до островот Химмафуши (15 мин возење) и сместување во Guest House. По краток одмор ја започнуваме нашата авантура и запознавање на овој локален и за многу туристи непознат остров. Првата вечер ќе го реализираме излетот Ноќен риболов, како би можеле да се препуштиме на преубавото заоѓање на сонцето и да се запозанеме со подводниот свет кој не опкружува. По завршување на излетот имаме организирана вечера на плажа, а главното јадење ќе биде нашиот улов. Ноќевање.

Ден 3- 5
Химмафуши (3 ноќевања)
Островот Химмафуши на Малдивите е вистински рај за очи. Ова мало, идилично парче земја е опкружено со кристално чисто, тиркизно море кое блеска под сонцето. Неговите бели песочни плажи се меки како памук и даваат совршен контраст на бујната, зелена вегетација што го опкружува. Химмафуши се гордее со својот мирен, релаксирачки амбиент, идеален за бегство од секојдневниот стрес. Овде можете да се восхитувате на спектакуларните зајдисонца, додека небото се претвора во нијанси на портокалова и розова боја. Подводниот свет околу островот е богат и разновиден со шарени корални гребени и егзотични риби кои пливаат во хармонија. Малите, живописни Guest Houses нудат удобно сместување со различни содржини, додека пријателскиот персонал нуди врвна услуга. На овој остров секој момент е можност да уживате во природните убавини и релаксација во овој тропски рај. Без разлика дали сакате да истражувате скриени заливи, да уживате во кајакарење или да се опуштите под звуците на брановите, Химмафуши ветува незаборавно искуство во секој поглед. Ова парче рај, сместено во прекрасниот архипелаг на Малдивите, претставува автентичен микрокосмос на богатата култура на овој тропски рај. Со својата традиционална архитектура, богата гастрономија, песни и танци, како и силни социјални врски, Химмафуши е место каде традицијата се среќава со современиот живот, давајќи им на посетителите уникатен увид во локалниот начин на живот.

Првото нешто што привлекува внимание на Химмафуши е традиционалната архитектура. Куќите, често изградени од локални материјали, ја одразуваат едноставноста и функционалноста. Шарени фасади и покриви направени од лисја од палми создаваат живописен амбиент. Сокаците се пространи, што овозможуваат средби меѓу соседите, што дополнително ја нагласува блискоста на заедницата. Оваа архитектура не е само естетски привлечна, туку и практична, прилагодена на тропската клима. Локалната култура на островот е фасцинантен спој на традиција, заедница и автентичност. Преку својата архитектура, гастрономија, музика и танц, како и социјалните обичаи, Химмафуши им нуди на посетителите уникатно искуство. Оваа заедница, со своето богато наследство, не само што ги маѓепсува туристите, туку служи и како инспирација за зачувување на традицијата во современиот свет. Одењето во Химмафуши не е само патување во рајот, туку и можност да се запознаете со животот кој се води во склад со природата и длабоките културни вредности. За време на престојот на овој остров ќе имаме можност да погледнеме под површината и да го запознаеме неверојатниот свет на Индискиот Океан. За време на престојот ќе организираме факултативни излети нуркање, гледање делфини и разглед на брегот на песок каде што ќе имаме ручек. Покрај подводниот свет, нашиот престој вклучува истражување и запознавање со културата, па ќе имаме можност да го посетиме Музејот на историјата на Малдивите, бродоградилиштето, ќе го видиме процесот на преработка на рибата, а авантуристите ќе можат да ги научат основите на сурфањето.

Ден 6
Химмафуши – Маафуши
По доручекот се збогуваме со локалниот остров и се селиме на туристички најпознатиот остров- Маафуши. Трансфер до Мале, каде не чека брод кој не носи до крајната дестинација. По пристигнувањето на островот се сместуваме во хотел се препуштаме на привлечноста на урбаното одморалиште. Ноќевање.
Ден 7- 8
Маафуши (2 ноќевања)
Маафуши е локален остров на 26 километри од главниот град Мале, кој има околу 3.000 жители. Иако во превод значи „Голем остров“, тој не зафаќа голема површина, долг е само 1200 m и широк околу 250 m, така што ви требаат цели 15-20 минути лесно пешачење за да го заобиколите.

За време на престојот на Маафуши ќе биде организиран авантуристички излет „Пливање со ајкули“. Излетот опфаќа возење со чамец до главната точка за нуркање, од каде што започнува нашето другарување со тигар ајкулите. Продолжуваме до локалниот остров Фулидхоо каде што ќе имаме ручек.
Следната станица е „Sandbank“, односно песочниот брег, кој го опркружува бескрајото синило и неверојатниот морски свет на Малдиви. На краот одиме да ги следаме делфините и уживаме во заоѓањето на сонцето. За време на останатите денови на Маафуши ќе имаме прилика да видиме како живее локалното население. Никаде нема асфалт, стази за пешаци, автомобилите се реткост, а главни превозни стедства се мотор и велосипед. На островот може да се најдат неколку мали различни маркети и неколку сувенирници. Со оглед на песочната подлога и составот на теренот на Малдивите, тлото е посебно погодно за кокосови палми, папаја и банани кои го красат островот и во комбинација со белиот песок даваат посебен печат на егзотичните плажи.
Подводниот свет на Малдиви претставува права атракција и најпосакувано локација за нуркање во целиот свет. Дали ќе нуркате или ќе пливате само по површината, може да видите желки, делфини, шарени риби и преубави корали. На излетите кои се организираат на Маафуши може да се сретнете со риби хирурзи, туни, риби папагали, ражи, желки, ајкули…
На Маафуши се организираат и излети до приватните туристички острови или така наречените “Resorts islands“, каде може да се доживеат глетки како во разгледница и да уживате во луксузот на овие магични острови…

Ден 9- 10
Маафуши- Мале- Белград
Последниот ден се пакуваме и се збогуваме со магичните острови.
Трансфер со брод или глисер до аеродромот во Мале во предпладневните часови. Пристигнување во Белград во вечерните часови.
ЦЕНИ и УСЛОВИ
Цените се дадени по лице:
12.03- 21.03
Промо 1499евра |Прва минута 1599евра |Регуларна 1699евра
10.04-19.04
Промо 1499евра |Прва минута 1599евра |Регуларна 1699евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авио карта со сите аеродромски такси на релација Белград – Мале- Белград
- Сите трансфери на дестинацијата според програмата на патување
- Сместување на база 4 ноќевања со полупансион во Guest House на Химмафуши
- Сместување на база 3 ноќевања со полупансион во хотел со 4* на Маафуши
- Организација на патувањето
- Претставник од агенцијата на патувањето
- Факултативни излети: Snorkeling safari, Dolphin Cruise, Разглед на песочниот брег со вклучен ручек, Ноќен риболов, Вечера на плажа, Разглед на Музејот за историја и култура, Разглед на бродоградилиштето, Разглед на фабрика во која се обработува риба, Island Tour (разглед на двата острови со водич)
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Виза за Малдиви
(Државјаните на Македонија на Малдиви, добиваат бесплатна туристичка виза за период до 30 дена на Аеродромот во Мале – Малдиви. Потребна е следнава документација: важечка патна исправа, поврaтна авио-карта и потврда за уплатен туристички аранжман. Рок на важност на пасошот мора да биде најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.)
- Трансфер на релација Скопје- Белград
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба (на барање)
- Трокреветна соба (на барање)
- Опционална доплата за услуга полнпансион во хотел со 3*/4*
- Опционална доплата за ресорт 4* или 5* со вклучен трансфер (на барање)
- Факултативни излети и влезници за културно истористи споменици
- Индивидуални трошоци
Начин на плаќање:
- За резервација потребна е уплата од 30%, остатокот 25 дена пред тргнување
- Плаќањето се врши во денарска протиСе врши во денарска противвредост 1€ = 62ден
Напомени:
- Последен рок за пријавување- 30дена пред патувањето
- Програмата е работена на база на минимум 10 патници
- После купувањето на авионските карти, парите уплатени за истите неможат да се рефундират, во овој случај важат условите на авиокомпанијата.
- Во склад со новите збиднувања и промени на цената на горивата на светскиот пазар конечниот износ на авионските такси е подлежен на промена.
- Патниците се обавезни да се запознаат сами со визниот режим во државата во која што патуваат.
- Во голем дел од дестинациите пасошот да важи најмалце 6месеци по денот на завршување на патувањето.
СМЕСТУВАЊЕ
ХИММАФУШИ

Guest House се наоѓа веднаш на плажа и во склоп има приватна плажа и фантастична градина. Во склоп на хотелот има ресторан. Собите се двокреветни или трокреветни и имаат сеф, клима уред, ТВ со рамен екран, телефон и бесплатен Wi-Fi интернет, а на гостите им се достапни и крпи за плажа.
МААФУШИ

Хотелот од категорија 4* е извонредно лоциран со директен пристап до Бикини Бич. Хотелот располага со ресторан и базен. Собите се двокреветни или трокреветни и имаат сеф, клима, ТВ со рамен екран, телефон, фен и бесплатен Wi-Fi интернет. Во хотелот може да се изнајми велосипед бесплатно.
RESORT & SPA 4/5 *
Островски рај со удобно сместување и луксузни удобности. Опкружен со палми и бели плажи, ова ресорт има базен и фитнес центар. Пространите и светли соби имаат удобно место за седење на софа и прекрасен поглед на океанот. Сите сместувачки единици имаат сеф, ТВ, бесплатна WiFi конекција. Може да се ужива во спа центарот со приватни соби за третмани и релаксирачки масажи. За авантуристите, хотелот организира и дневни нуркачки излети до спектакуларните гребени во северниот дел на Ари Атол. Ресторанот нуди целодневни оброци со интернационална кујна- шведска маса, а во барот можете да уживате во зајдисонцето и тропските коктели.


ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Пливање со ајкули, нуркање на песочниот брег и гледање делфини
За време на излетот локалците ќе не однесат далеку од брегот на Маафуши и ќе застанат на место каде ќе може да скокнеме во кристалната чиста вода и каде ќе се најдеме во друштво со шарени мали рипчиња и мали безопасни ајкули додека не опкружуваат најразлични корали. По ова дружење одиме на локалниот остров Фулидхоо, каде ќе имаме ручек. Следна станица е песочниот брег со бисерни бели бои и проѕирниот Индиски океан. Чуството е фантастично да се најдеш на вакво место, нема палми и нема никаков траг дека некој друг бил тука пред вас. Од сите страни само бел песок кој се губи во тиркизното море и некаде во далечината се спојува со синото небо. Потоа се враќаме на бродот и уживаме во возењето до Маафуши. По пат застануваме на место каде често се собираат делфини, а доколку имаме среќа ќе скокнеме во вода како би пливале и ние со нив. / 80€

Во цената на излетот е вклучено: транфер со глисер, опрема за нуркање, ручек, вода и сокови, пешкири за плажа и чадор, подводни фотографии и видеа, водич во текот на излетот.
Посета на ресорт (Rihiveli Island Resort или сличен на него)
Во рамките на излетот ќе организираме посета на некој од преубавите приватни ресорти, каде ќе имаме прилика да поминеме ден на најубавите песочни плажи на тиркизното море и ќе уживаме во убавината и луксузот на приватниот остров. 140€
Во цената на излетот е вклучено: трансфер, влезница за приватниот остров, лежалка на плажа, ручек и безалхохолен пијалок, водич во текот на излетот.
