Версај не е само музеј. Во дворецот сеуште се извршуваат важни државнички функции, како што се посети на високи странски делегации, средби на француските државници итн.
Изграден од францускиот крал Луј XIV, Версај преставува ремек дело на уметноста од 17-ти век.
Версај бил центар на моќта во Франција сѐ до 1789 година, кога кралското семејство било присилено да се врати во Париз, поради почетокот на Француската револуција.
Денешниот изглед на дворецот бил добиен во четири големи градежни етапи, во периодот од 1664 до 1710. По последната голема градежна етапа, во Версај биле изведувани помали градежни потфати и реконструкции, вклучително и оние во 20. век, со кои дворецот бил адаптиран да служи како еден од најпосетуваните музеи во светот.
Виртуелна видео тура низ версај:
Разгледајте ја внатрешностa преку виртуелна прошетка во овој неверојатен дворец кој е посетен од повеќе од 10 милиони луѓе годишно.