Постојат многу забавни и прифатливи активности што можете да ги направите без да ја оставите удобноста на вашиот дом.
1. Обидете се со нов рецепт
Прелистајте на Интернет за да пронајдете неколку нови рецепти во кои вашето семејство може да ужива. Одлучете за еден заедно и започнете да готвите.
Обидете се да изберете рецепт кој користи производи што ги имате дома.
2. Прочитајте книга заедно
Читањето е луксуз во денешниот брз стил на живот. Повторно поврзете се со вашето семејство со читање на глас од интересна книга.
Најдете време да разговарате за тоа што се случува и да ги споделите вашите мислења.
3. Играјте друшвени игри со семејството
Пронајдете игра што е соодветна на возраста, за секој да може да учествува.
4. Обидете се со часови по јога
Јогата е одличен начин да останете фит и да го исчистите умот.
YouTube нуди многу бесплатни часови по јога за почетници.
5. Плетење
Седнете на софата на дневната соба и испробајте сами да изработите нешто ново. Научете ги децата или партнерот како да плетете и можете да се забавувате заедно.
6. Истражете на интернет кои се најдобрите плажи во близина на местото каде планирате да летувате
Одлично испланиран одмор ќе Ви овозможи целосна релаксација и максимално искористување на деновите покрај море. Разгледувањето на летните дестинации ќе ве релаксира барем за момент ќе Ви ги однесе мислите во позитивна насока.
7. Направете си домашна СПА
Направете си топла бања со меурчиња и доколку имате ставете си маска за лице. Ќе се чувствувате освежено и енергично и следното утро.
8. Онлајн курс
Преземете онлајн курс за развивање нова вештина. Можете да најдете широк спектар на курсеви преку Интернет, од учење на јазик до учење како да пишувате код.
9. Гледајте стари класични филмови
Се сеќавате на оние класични филмови што ги гледале родителите пред години? Направете пуканки и пронајдете ги добитниците на оскари од изминатите децении. Можеби ќе бидете изненадени колку возбудливи и романтични можат да бидат овие стари класици.
10. Танцувајте
Креирајте плејлиста со одлични ритмови и започнете со движење.
11. Направете листа на дестинации кои сакате да ги посетите
Размислете каде се би сакале да отпатувате и создадете листа на дестинации кои мора да ги посетите во следните 5 години.
12. Исчистете го вашиот плакар
Соберете го семејството и започнете да ги селектирате работите што веќе не ги користите или носите. Наместо да ги фрлите во ѓубре, донирајте ги во Црвениот Крст за семејства кои имаат потреба.