Поради плимата и осеката, формата на оваа плажа се менува и секогаш е различна. Понекогаш крајниот десен дел „тоне“ во морето и не е видлив, а понекогаш „излегува“, но во поинаква форма од порано.
На оваа плажа се оди пеш, затоа што од местото каде е безбедно да се остави автомобилот, кое е во близина на светилникот до самиот крај на плажата има околу еден километар. Меката песок го отежнува одењето, па сонцето, ранецот на грб и реквизитите за на плажа го прават овој километар да изгледа многу подолг … Сепак, кога ќе пристигнете, ќе бидете воодушевени – ќе разберете зошто е ова посебно место …