„Иако мислите дека предметите се дел од вас и вашиот идентитет, сепак тие и понатаму остануваат одвоени од вас. Спротивно на тоа, вашите искуства се дел од вас. Ние сме вкупниот износ од нашите искуства“,

Научното истражување реализирано од психологот др. Томас Гиловиќ, Амит Кумар и Лили Џампол кое е посветено на трошењето на парите и потрагата по среќа е објавено во 2014 година.*

Резултатите од ова истражување покажуваат дека една од клучните разлики помеѓу нашата вредност на искуства и предмети е адаптацијата.

„Купуваме работи за да не направат среќни и успеваме во тоа. Но тоа е само за кратко. Новите работи се возбудливи за нас на почеток, а потоа ние се прилагодуваме на нив“, вели тој.

Во суштина, се навикнуваме на работите кои ги поседуваме, и со текот на времето среќата која ја добиваме од нив, полека исчезнува.

среќата која произлегува од работите кои сме ги направиле, всушност се зголемува како што поминува времето, бидејќи тие искуства стануваат дел од нас и го обликуваат нашиот идентитет

Од друга страна, среќата која произлегува од работите кои сме ги направиле, всушност се зголемува како што поминува времето, бидејќи тие искуства стануваат дел од нас и го обликуваат нашиот идентитет (тоа е кога маичката која долго време сте ја посакувале ќе ја облечете само два пати, а првиот одмор со вашите родители ќе го паметите засекогаш).

Гиловиќ сугерира дека наместо да штедите пари за телевизор, патот до среќата е во трошењето на вашите пари на искуства како што е патувањето и различни активности на отворено, стекнување на нови вештини и посета на изложби.

“Навистина е во ред да сакате материјални работи. Можете да мислите дека се поврзани со вашиот идентитет, но тие можат да постојат и без вас. Од друга страна, вашите искуства се навистина дел од вас”, заклучува тој.

*Оригинален наслов на истражувањето: “A wonderful life: experiential consumption and the pursuit of happiness” Thomas Gilovich ⁎, Amit Kumar, Lily Jampol, Cornell University, Ithaca, NY 14853-7601, USA