ЗИМА на ЗАНЗИБАР

Термини: 04ти Јануари – 16ти Јануари / 25ти Јануари – 06ти Февруари

За дестинацијата:

Занзибар е тропски остров , вистински бисер на Индинскиот океан кој се наоѓа на самата источна обала на Африка. Составен дел е на Танзанија, службен јазик е свахили, но сите зборуваат англиски јазик бидејќи порано била англиска колонија. Заштитен знак се белите плажи и тиркизно плавиот океан.  Единствен го прават мештаните, топли, пријатни и насмеани. Главниот град на Занзибар се наоѓа на западниот дел на островот, додека во северниот дел се наоѓа камениот град, Stone town, наша омилена екскурзија. Временска разлика во однос на нас е 1 час.

Клима на Занзибар: Се дели на сушна и влажна сезона.Сушната сезона трае од јуни до средина на март, додека од крај на март до јуни е сезона на дождови. Просечна температура во текот на цела година од 26 до 28 степени, а температурата на водата е околку 26 степени.

ПЛАНА НА ПАТУВАЊЕ:

ПРВ ДЕН – Состанок на аеродром „Никола Тесла“ во Белград. Се лета со авиокомпанија Qatar airways. Поаѓање за Занзибар во 11.45 со преседнување во Доха. На Занзибар се стигнува следниот ден во 08.00 наутро.

ВТОР ДЕН – Трансфер до хотел со луксузни комбиња со нашиот водич Тамимом. Патувањето трае околу еден саат. Нашето сместување е Опера хотел – ресорт во рибарско село Нунгви https://operahotelzanzibar.com/. Ова сместување е ново и се наоѓа на само 5 минути од преубавите песочни плажи и океан. Автентично е дизајниран во арапски дух, а во својата понуда има конфорни соби, преубав базен и ресторан. Сместување во иста категорија, а во зависност од датумот на патување ќе бидеме сместени во некој од овие два ресорти. Овој ден го посветуваме на аклиматизација и одмор на плажа. Новогодишна вечера во хотел Опера, а после журка во некој од ЗнЗ клубовите!

ТРЕТИ ДЕН – После појадокот, поаѓање во нашиот омилен бар на плажа Mr. Kahawa https://www.instagram.com/mr_kahawa/ За сите заинтересирани, тука е и нашиот прв Занзи изазов – Kite surfing https://www.mrkahawa.com/kite/ Потоа одима на Јамбиани плажата каде уживаме, се бањаме и ручек во култниот хотел – ресорт на карпа, Coral Rocks                                                                                                                                        https://www.instagram.com/coralrockszanzibar/  После пладне продолжуваме понатаму на Мичанви плажата, каде што денот го завршуваме со добар провод и заоѓање на сонцето во Кеа фанк бар на плажа.

ЧЕТВРТИ ДЕН – После појадок тргаме на целодневна обиколка на северниот дел на островот. Излетот го започнуваме со обиколка на фарма на зачини. Одиме на нај убавата плажа во овиот дел на островот, Кендва и Нунгви плажа. Во овој ден во понуда имаме втор Занзи изазов – пливање со желки на Нунгви плажа! По заоѓањето , враќање во хотел, вечера во една од познатите локални ресторани.

ПЕТИ ДЕН – Појадок. Заинтересираните ќе имаат прилика да одат во Блу Сафари (нуркање во плава лагуна и водење на морски ѕвезди) https://safariblue.net Останатиот дел од групата ќе помине во уживање на некоја од преубавите плажи.

ШЕСТИ ДЕН – После појадокот , целодневен излет во главниот град на Занзибар , Stone Town, со лукс климатизирани комбиња. Stone Town е роден град на Фреди Меркјури, град кој во 2000г. влезе и под заштита на УНЕСКО! Неговата архитектура ги одржава различните влијанија на свахили културата, мешавина е на азиска, индиска, персиска и европски елементи и тоа го прави посебен! Пред поаѓање во Камениот град, заинтересираните одат на обиколка на Затворскиот остров. Затворскиот остров е од спротива на каменот град во кој се наоѓаат џиновски желки увезени од Сејшелите на крајот од XIX. После ова имаме обиколка на градот со водич. Обиколка на маркети, шопинг, кафе во едно од култните Емерсон хотели или нешто автентично дизајнирано. Денот го завршуваме во некој од рооф топ на овј град, како што е коктел барот со базен Упендо хаус https://www.istagram.com/upendohouse/?hl=en или вечера во нашиот омилемн арапски ресторан Теа хаус https://emersonzanzibar.com/dining-in-stone-town/restaurant-reservation/ По вечерата,враќање во хотел.

СЕДМИ ДЕН – Појадок. Посета на локално школо и средба со деца и чуството е посебно во Занзибар, а се препорачува за оваа прилика да се купат и даруваат слатки, играчки или прибор за школо. По обиколката на школото, посета на Јозани шумата, полсе ова одиме на едно скриено место надвор од туристичката мапа како што се плажа- ресорт, The Promised land I Eden rock https://www.istagram.com/edenrockzanzibar/

ОСМИ ДЕН – Појадок. Посета на островот Накупенда – позната како банка за песок и е посебен феномен на Занзибар. Островче во вид на песочен брег со бел песок и тиркизно плава вода, толку мало што може да се пропешачи за неколку минути. На островчето се оди со бротчиња, водич кој по пристигањето ни припремаат локална свежа риба и ракчиња. Брегот го напуштаме попладне затоа што плимата почнува и океанот во рок од еден саат потполно го прекрива островчето до наредното утро и плима.

ДЕВЕТИ ДЕН – Заетересираните ги очекува следниот Занзи изазов – возење со мотори по песочните плажи на Занзибар, од Паја до Јибион. Обиколка на заштитниот знак на Занзибар , ресторанот Рок https://www.istagram.com/therockzanzibar/?hl=en . Потоа обиколка на мангровата шума, каде го поминуваме цел ден. После вечера, враќање во хотел. По договор вечерта одиме на забава  во некој од познатите барови на плажа, како што е Б4.

ДЕСЕТИ ДЕН – Појадок. Одјавување од соботе. До поаѓање на аеродром,последните часови ги поминуваме на блиската плажа или покрај базен во хотел. Трансфер до аеродром и полетување за Доха.

ЕДИНАЕСТИ ДЕН – Слетување во Белград во 10:45ч. Наутро.

ЦЕНА на аранжманот до 20ти Новембар 1470еур

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:  

  • Повратен авионски билет  со сите такси на авиокомпанија Катар
  • Трансфери од и до аеродром
  • Сместување во хотел Опера 4 * на север – Нунгви
  • Водич

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Виза за Танзанија (50усд)
  • Факултативни излети
  • Патно и здраствено осигурување
  • Лични трошоци
  • Цените на излетите со трансфери се 10-30усд по излет