Услови за влез во Бугарија, патување во Банско, Боровец, Пампорово

Почнувајќи од 10 октомври 2021, Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за Македонски државјани на нејзината територија.
Со последната одлука, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона.

За влез во Бугарија потребно е:
– Сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза) или
– Сертификат на прележана болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување) или
– Негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).

Мерки:

Од 21 октомври 2021 и Бугарија воведе ковид-сертификат за влез во затворени простории.

Ковид-сертификатот значи дека на граѓаните ќе им биде потребен доказ за вакцинација, за прележан ковид или негативен ПЦР-тест. Тој ќе биде неопходен за влез во театри, галерии, трговски центри, хотели, базени, фитнес-центри, спортски сали … Правилото за задолжителен сертификат нема да важи за самопослугите, банките и аптеките

Задолжителна употреба на маски за лице на затворени јавни простори!

ВАЖНО – по влезот, важат истите правила како и за бугарските државјани

При влез задолжително информирајте се за мерките кои се валидни во моментот и почитувајте ги истите.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни.

Прочитај повеќе:


*Информациите објавени на web страницата на ИнТравел се од информативен карактер и се базираат на официјалните гласила. Поради секојдневните промени ИнТравел не може да ја гарантира точноста и не може да прифати никаква одговорност за какви било грешки или пропусти.