LES 2 ALPES

Овој врвен ски-центар има апсолутна гаранција за снег. На надморска височина од 1650-3560 м има вкупно 220 км поврзани патеки (44 км црна, 78 км црвена, 78 км сина). Вкупно 3 гондоли, 3 жичари, 25 лифтови, 1 планински воз, голем snowpark. Местото нуди многу можности за шопинг, ресторани, барови, дискотеки, каде забавите траат секоја вечер до раните утрински часови. Цените се малку пониски во однос на Вал Торенс и слични ски-центри.

Постојат голем број гондоли и лифтови што носат на околните патеки. Патеките што се најблизу до градот се исто така потешки, со зголемување на надморска височина има се повеќе полесни патеки. Во ски-центарот се наоѓа најтешката црна патека во Европа (Grand Colouire). Патеката не е регулирана, многу е стрмна и има голем страничен наклон.

VARS

Варс заедно со Рисул со 180 км скијачки патеки се најголемата скијачка област во јужниот дел на француските Алпи. Скијачкиот центар е поделен на 2 дела so врвот Пик де Чабриерес/Pic de Chabrières (2750м). Овој дел е богат со бујна вегетација, многу необичен за алпско скијачки одморалишта со ниска надморска височина. Центарот се карактеризира со над 300 сончеви денови годишно, а локацијата и големината на планинскиот масив обезбедуваат доволно снег во зимските месеци.

Вкупната должина на патеките од 180 км е поделена на: 17 зелени, 40 сини, 37 црвени и 10 црни патеки. Патеките се поврзани со 56 ски-лифтови. Ски-центарот се карактеризира со исклучително добро покривање со вештачки снежни топови и добро расчистување на патеките. Многу разноврсен скијачки центар и нуди одличен избор за сите типови скијачи и бордери.