Поради својата убавина и развиен ноќен живот, Санторини е една од најпознатите и најпосетените туристички дестинации во Грција.

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, архипелагот на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2,должината на брегот е 69 км. Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика “KALDERA”.На југоисточниот дел се наоѓа варовитовулканска планина “MESA VOUNO” со највисок врв “Prophifitis Ilias”.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дува североисточен ветер познат по името “meltemi”,а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови.

Авиобилет и трансфер – 199 €

Авиобилет – Солун – Санторини – Солун
Летови – понеделник, четврток, петок и недела
(вклучен рачен багаж 8 кг и багаж до 20кг по лице)
Аеродромските такси се вклучени во цената
Трансфер – аеродром – хотел – аеродром
Патувањето може да Ви биде организирано со трансфер од Скопје до аеродром во Солун и назад.
Повеќе информации во агенција.

Избор на хотели

Цените за хотелите се дадени по соба, дневно, на наведената услуга и тип на соба.

Afroditi Venus Beach Hotel & Spa 3*
Локација: Хотелот е лоциран во Камари, 8км од градот Фира, 3 км од аеродромот , 7км од пристаништето. Во близина на таверни и барови.
Капацитет: Хотелот поседува вкупно 56 соби, опремени со ТВ, телефон, купатило со туш, фен, мини фрижидре, сеф, балкон.
Услуга: Ноќевање со појадок, полупансион.
Содржини: Базен, џакузи, спа центар, ресторан.
Плажа: Хотелот се наоѓа на 100 метри од плажа.


Alta Mare by Andronis 5*
Локација: Хотелот е лоциран во местото Оиа, 10км од градот Фира, 18км од аеродромот и 18км од пристаништето.
Капацитет: Хотелот има вкупно 9 суит соби, опремени со клима уред, ТВ, телефон, интернет, мини бар (се доплаќа) , туш, фен, балкон.
Услуга: Ноќевање со појадок.
Содржини: Се наоѓа на карпа која овозможува прекрасен поглед на вулканот и морето. Хотелот нуди луксузни соби, базен, интернет, бар, собна послуга.
Плажа: Оддалечен од плажата 3 км.


Aqua Blue Hotel 4*
Локација : Хотелот е лоциран во местото Периса, 15км од градот Фира, 17км од аеродромот, 10км од пристаништето.
Капацитет: Хотелот поседува вкупно 80 соби, сите опремени со клима уред, ТВ, телефон, мини бар, сеф, туш, балкон.
Услуга: Ноќевање со појадок, полупансион.
Содржини: Хотелот има базен, паркинг, доктор, сала за конференции, собна послуга, масажа, бар, ресторан.
Плажа: Лоциран на самата песочна плажа, лежалки и чадори за сонце се наплатуваат.


Andronis Luxury Suites 5*
Локација: Хотелот е лоциран во местото Оиа, 10 км од градот Фира, 18км од аеродромот , 18км од пристаништето.
Капацитет: Хотелот поседува вкупно 22 соби, опремени со клима уред, ТВ, телефон, интернет, мини бар ( се доплаќа), туш, фен, сеф, тераса.
Услуга: Ноќевање со појадок.
Содржини: Хотелот е комбинацција од модерен и класичен стил. Нуди голем избор на луксузни апартмани, романтична атмосфера , ресторан, бар, базен, интернет, собна послуга.
Плажа: Плажата е оддалечена од хотелот 4км.


Belvedere Suites 4*
Локација: Хотелот е лоциран во местото Фиростефани, на 600 метри од центарот на градот Фира, 5км од аеродромот, 8км од пристаништето.
Капацитет: Хотелот има вкупбо 23 соби, опремени со клима уред, ТВ, мини бар(се доплаќа), телефон, туш, фен, интернет, балкон.
Услуга: Ноќевање со појадок.
Содржини: Мал и пријатен хотел , сместен на височина со единствен поглед и удобни соби. Има базен, интеренет, паркинг, собна послуга.
Плажа: Оддалечен на 8км од песочната плажа на Камари со црн вулкански песок.


Kalimera Hotel 3*
Локација: Хотелот е лоциран на 200метри од центарот на Акротири, 5км од главниот град Фира, 10км од аеродромот, 9км од пристаништето.
Капацитет: Хотелот има вкупно22 соби, опремени со клима уред, ТВ, телефон, интернет, бања со туш,балкон.
Услуга: Ноќевање со појадок.
Содржини: Мал и економичен хотел со ресторан, бар, базен и квалитетна услуга.
Плажа: Оддалечена од хотелот 200 метри.


Rocabella Santorini Resort & Spa 4*
Локација: Хотелот е лоциран во местото Имеровигли, 2км од главниот град Фира, 8км од аеродромот, 10 км од пристаништето.
Капацитет: Хотелот има вкупно 40 соби, опремени со клима уред, ТВ, интернет, телефон, сеф, туш, фен, балкон.
Услуга: Ноќевање со појадок.
Содржини: Хотелот има спа центар, ресторан, бар, интернет , 4 базени .
Плажа: Песочна плажа оддалечена 8 км.


Santo Miramare Luxury Resort Hotel 4*
Локација: Хотелот е лоциран во Периволос, 12км од градот Фира, 15км од аеродромот, 12км од пристаништето.
Капацитет: Хотелот има вкупно 115 соби, опремени со клима уред, ТВ, купатило со туш, фен, мини фрижидер, сеф, телефон, балкон.
Услуга: Ноќевање со појадок, полупансион.
Содржини: Хотелот има базени, доктор, хемиско чистење, сала за конференции, сауна , масажа, ТВ сала, интернет, џакузи.
Плажа: Сопствена песочна плажа со чадори за сонце , лежалки и пешкири кои се бесплатни.


Santorini Palace 4*
Локација: Лоциран на 800 метри од центарот на градот Фира, 7км од аеродромот, 12 км од пристаништето.
Капацитет: Вкупно 106 соби,опремени со клима уред, ТВ, мини бар, фен, телефон, балкон со поглед кон морето, радио, купатило со када или туш.
Услуга: Ноќевање со појадок, полупансион.
Содржини: Отворен и затворен базен, спа центрар, интернет, фитнес сала.
Плажа: Плажата Камари е оддалечена 15км од хотелот.


Villa Kyani
Локација: Хотелот е лоциран во местото Мегалохори.
Капацитет: Располага со студија и апартмани.
Услуга: Наем на студио/апартман.
Плажа: Оддалечена од вилата 5км .