Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.

Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ.

Нашиот ресторан нуди богат избор на исклучителни специјалитети од морска храна и традиционални јадења.

Придружете ни се во нашиот бар, во моментите на релаксација. Ќе имате можност да сретнете нови луѓе и да поминете квалитетно време со вашите пријатели.

Уште едно одлично место. За сите кои сакаат да се освежат имаме одличен базен.
Тој е идеален за подобрување на вашата кондиција, за забава или само за освежување на крајот од денот. Уште една можност за релаксација нуди и нашето џакузи.

За сите вас кои сакате спортски активности, ние имаме целосно опремен фитнес клуб за рекреација.

Во хотел Бистра можете максимално да се релаксирате со нашата сауна. Пространата сауна ви е на располагање за одмор, релаксација и разговор, Хотел Бистра располага и со игротека за најмладите гости.

Од 28 Евра за ноќевање со појадок