РАФТИНГ НА ТАРА

АЈДЕЕЕЕ ДА ГО РАЗУБАВИМЕ ВИКЕНДОТ СО НЕШТО ВОЗБУДЛИВО И НЕЗАБОРАВНО РАФТИНГ НА ТАРА

(СЕКОЈ ДЕН ВО НЕДЕЛАТА 2 НОЌЕВАЊА/1 ДЕН РАФТИНГ)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

  1. ДЕН       СКОПЈЕ – ПЛУЖИНЕ

Поаѓање од Скопје во однапред договорено време , ако е превозот организиран од наша страна , доколку имате сопствен превоз одлуката за тргнување е ваша . Во текот на денот се стигнува во Плужане Комплекс Блу Ривер Тара. На терасата од нашиот мотел ќе ужувате во домашните специјалитети.Сместување и ноќевање.  

  • ДЕН      КОМПЛЕКС БЛУ РИВЕР ТАРА

09:00ч. Состанок на учесниците на рафтинг во Блу Ривер Тара на Шчепан Пољу, идеално време за запознавање со нашите скипери и останатите учесници на рафтинг и да уживате во богатиот појадок во ресторанот покрај реката.

10:30ч. Почеток и припрема за рафтинг: професионална опрема за рафтинг : костими и чизми од неопрен, сигурносни појаси,кациги (подобни за Go Pro камера). Со себе можете да ги понесете вашите фотоапарати и мобилни телефони бидејќи во секој чамец постои сигурносна, водоотпорна вреќа во која можете да ги ставите своите работи за време на брзаците, а да ги користите во текот на паузите и на мирните делови од реката.

11:00ч. Авантурата започнува со кратка , возбудливо возење со теренски возила до Брштановац (почетна точка на рафтингот) каде ќе добиете детални инструкции за однесување во чамецот и веслање од вашиот скипер. Многу е важно да сите учесници на рафтингот се придржуваат на упатствата од скиперот бидејќи он ќе ве информира и во текот на рафтингот при секој брзак.

11:30ч. Веќе во првите километри од рафтингот започнува возбудата да расте. Извежбајте ги своите веслачки способности додека ги очекувате звуците на немирните брзаци Вјерновиќ (ранг V) кои ги пратат Борови, Варда и Чегло (ранг IV) и останатите 17 возбудливи брзаци (ранг II-III). Реката Тара како да има немирни, бели, водени скали со преубави, мирни базени измеѓу брзаците кои ви овозможуваат да се одморите , фотографирате нејзините единствени предели или да испробате пливање во кристално чиста ама ладна вода. Ќе направиме неколку паузи на нај убавите места и нема да го прескокниме нај убавиот водопад на Тара.Немојте да заборавите дека водата од реката Тара можете да ја пиете во текот на целиот ток, бидејќи е званично прогласена за нај чиста вода на светот.

16:00ч. Вашата рафтинг аватура се завршува на Шчепан Поле , со фантастичен ручек во нашиот ресторан. Нашите готвачи ќе ги припремат нај добрите специјалитети на црногорскта кујна во кој ќе уживате после денот поминат со возбуда и адреналин (домашна ракија,сплавска чорба, пастрмка или пилешко на жар со ориз, јагнешко или телешко со компир под саќе,вегетерјанско јадење и свежа салата). Ноќевање.

3 ДЕН   КОМПЛЕКС БЛУ РИВЕР ТАРА  – СКОПЈЕ

Појадок и напуштање на собите. Прошетка и тргнување за Скопје .

ЦЕНА на аранжман :   156еур / 9670мкд

Во цената е вклучено:

  • Појадок (за цело времетраење)
  • Превоз со џипови до појдовната точка
  • Такса за рафтинг
  • Такса за престој
  • Бесплатен паркинг за возила
  • Осигурување
  • Рафтинг
  • Ручек
  • Комлетна опрема за рафтинг
  • Превоз Скопје – Плужане – Скопје

Потребни работи кои треба да ги понесете со себе : костим за капење, заштита од сонце и куфер со добро расположение , дружење и уживање !