БУДИМПЕШТА 8-МИ МАРТ

Будимпешта – град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство. За патување се резервира на време, не 5 до 12 😊. Во продолжение програмата…

06.03.2025 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА

Состанок на групата на хотел Русија во 17.00час. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

07.03.2025(ПЕТОК)БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта. Разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под иметоКралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот слободно време на Ваци улица.

Попладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

08.03.2025 (ЧЕТВРТОК) БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА- БУДИМПЕШТА

 Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. На средина на местото се наоѓа и црквата Свети Андреја околу која се тесните улички кои ги привлекуваат туристите со својата средновековна тишина.

Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење во кое ќе уживате и ќе го паметите, во звукот на класичната музика ќе ги видите прекрасните мостови и најубавите и најпознати зданија кои светат навечер, а број еден секако е Парламентот. После крстарењето можност за факултативна вечера во национален ресторан- Чардаш каде ќе се забавуваме со традиционална музика и во вкусот на унгарската кујна. Ноќевање

09.03.2025 (НЕДЕЛА) СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА

Појадок. Одјавување од хотел.  Слободно време за посета на шопинг центар Арена.

Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.

Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 10.03-Понеделник.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-Автобуски превоз

-2 ноќевања со појадок во хотел 3*

-Посета на трговскиот центар Арена

-Туристички придружник 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 10

-Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ 20€

-Факултативна посета на Сент Андреа 20 €

-Факултативна вечера во национален ресторан 50 €

-Индивидуални трошоци

-Доплата за еднокреветна соба-3.500 мкд

-Туристичка такса 4 евра по лице се плаќа во автобус

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА ИН ТРАВЕЛ