ЛИСАБОН и ПОРТО – Март

Бисерите на Португалија

Авион/ 6 дена/ 5 ноќевања

16. Март (Четврток)              СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН               

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 12:15 часот. Полетување во 13:50 и пристигнување во Лисабон во 15:45 часот. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница  Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.

17. Март (Петок)                   ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ     

Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Враќање во центарот на Лисабон и прошетка покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.

18. Март (Сабота)                 ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА               

Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19  век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

19. Март (Недела)                 ЛИСАБОН – ПОРТО               

Појадок. Организиран трансфер до Порто. Сместување во хотелот. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби, плоштадот Слобода, кулата Клеригос… Ноќевање.

20. Март (Понеделник)        ПОРТО                                                                                   

Појадок. Прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро. Ноќевање.

sailboats on the port of porto portugal
Photo by vjgalaxy on Pexels.com

21. Март (Вторник)               ПОРТО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ                                 

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Порто. Полетување за Истанбул во 11:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 19:10 и полетување за Скопје во 20:25 (локално време). Слетување во Скопје во 19:55 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:            799 евра     (49.550 денари)

Цената вклучува:                                                                  

– Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Лисабон и Порто–Истанбул-Скопје

со вклучени аеродромски такси

– Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

– Трансфер од Аеродромот до хотелот во Лисабон

– Трансфер од хотелот во Лисабон до хотелот во Порто

– Трансфер од хотелот до Аеродромот во Порто

– 3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Лисабон

– 2 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Порто

– Разглед и прошетки во Лисабон според програмата

– Разглед и прошетки во Порто според програмата

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

– Туристичка такса 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција)

– Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 85 евра

– Карти за локален превоз (метро)

– Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ

-За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

-За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 

– Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето