fbpx

ДУБАИ ЈАНУАРИ 2023

03/04.01-09/10.01 (5ноќи) – од 745 евра

Период на патување 03.01-10.01/ период на престој 04.01-09.01/ 7 дена – 5 ноќи
*** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА – ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА – ПРОМОТИВНА ЦЕНА ОД СКОПЈЕ ***

ГРУПНО ПОАЃАЊЕ

ХОТЕЛКатег.ЛОКАЦИЈАУСЛУГАТИП НА СОБА/СМЕСТУВАЊЕ04-09.01.22
     5ноќи
Ibis Dubai One Central Hotel3*DowntownНПЦена по лице во двокреветна соба745 €
    Доплата за еднокреветна соба145 €
Holiday Inn Express Dubai3*JumeirahНПЦена по лице во двокреветна соба780 €
    Доплата за еднокреветна соба180 €
    Дете од 6-11.99 без кревет (со 2возрасни лица)545 €
    Доплата за 3 лице или дете до 11.99 на дополнителен кревет720 €
Ibis Dubai Al Barsha3*BarshaНПЦена по лице во двокреветна соба785 €
    Доплата за еднокреветна соба185 €
Golden Tulip Al Barsha Hotel4*BarshaНПЦена по лице во двокреветна соба830 €
    Доплата за еднокреветна соба235 €
    Дете од 6-11.99 без кревет (со 2возрасни лица)545 €
    Доплата за 3 лице или дете до 11.99 на дополнителен кревет (deluxe)815 €
Millennium Place Barsha Heights 4*BarshaНПЦена по лице во двокреветна соба825 €
    Доплата за еднокреветна соба230 €
    Дете од 6-11.99 без кревет (со 2возрасни лица)545 €
    Доплата за 3 лице или дете до 11.99 на дополнителен кревет (deluxe)875 €
Radisson Beach Resort Palm Jumeirah4*Jumeirah PalmНПЦена по лице во двокреветна соба1.495 €
    Доплата за еднокреветна соба900 €
    дете од 6-11.99 без кревет (со 2возрасни лица)545 €
Stella Di Mare Hotel Dubai Marina5*Dubai MarinaНПЦена по лице во двокреветна соба1.190 €
    Доплата за еднокреветна соба595 €
    Дете од 6-11.99 без кревет (со 2возрасни лица)545 €
    Доплата за 3 лице или дете до 11.99 на дополнителен кревет955 €
Mövenpick Hotel JLT5*Jumeirah LakesНПЦена по лице во двокреветна соба1.080 €
    Доплата за еднокреветна соба485 €
    Дете од 6-11.99 без кревет (со 2возрасни лица)545 €
    Доплата за 3 лице или дете до 11.99 на дополнителен кревет (junior suite)1.120 €
Mövenpick Hotel Jumeirah Beach5*Jumeirah BeachНПЦена по лице во двокреветна соба1.320 €
    Доплата за еднокреветна соба730 €
    Дете од 6-11.99 без кревет (со 2возрасни лица)545 €
    Доплата за 3 лице или дете до 11.99 на дополнителен кревет825 €

Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на авион и во хотел – на барање)

МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМА Е 10 ЛИЦА.

ЗА ПОМАЛ БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА МОЖНО Е ПРОМЕНА НА ЦЕНА ЗАРАДИ ИНДИВИДУАЛНО ПАТУВАЊЕ И ИНДИВИДУАЛНА ЦЕНА НА АВИОНСКА КАРТА

ДЕТАЛИ ОД ЛЕТ

TK1006  03JAN  SKPIST 2045 0010+1 // TK 866  04JAN  ISTAUH 0120 0645

TK 869  10JAN  AUHIST 0245 0655 // TK1003 10JAN  ISTSKP  0825 0755

Програма на патувањето:  7 дена-5 ноќи – авиокомпанија TURSKISH AIRLINES

03-04.01 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АБУ ДАБИ. Полетување на авионот за Абу Даби во 20.45 часот. Слетување во Истанбул во 00.10 после полноќ. Полетување од Истанбул за Дубаи во 01.20  часот (нареден ден). Слетување во Абу Даби на 2 ден во 06.45 часот (саатници се согласно локално време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот во Дубаи. Слободен ден за индивидуални активности и посета на плажа (LA MER BEACH, JUMEIRAH BEACH – the walk, KITTE BEACH). Ноќевање.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ПОПЛАДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – согласно протоколи во момент на престој

Попладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме и ги гледаме прекрасните танцувачки фонтани. Враќање во хотелот.  Ноќевање.

За заинтересирани патници можна е посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови. Останатите патници кои не скаат да се вратат во хотелот со трансфер можат да останат во ДУБАИ МОЛ и да го прошетаат истиот и да вечераат – индивидуален тарнсфер до хотелот.

05-08.01 ДУБАИ – слободни денови за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии (разглед на Дубаи, крстарење со брод ,сафари во пустина ,посета на Mirical garden /Golbal village ) и останати факулатативни екскурзии (на барање, со резервација и уплата пред тргнување од Скопје). 

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА

Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање. 

ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ 

Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise 

Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него.  Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).  

09-10.01 АБУ ДАБИ-ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ. Одјавување од хотелот на 09.01 во 12 часот. Време за слободни индивидуални активности. Трансфер за аеродром во вечерните часови. Полетување на авионот од Абу Даби во 02.45 часот на 10.01. Слетување во Истанбул во 06.55 часот. Полетување од Истанбул во 08.25 часот.  Слетување во Скопје во 07.55 часот (саатници се согласно локалвно време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).

Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми) /услуга ноќевање со појадок

Цената вклучува:

– Повратен авионски билет на релација  Скопје-Истанбул – Абу Даби – Истанбул –Скопје   (вклучен багаж рачен 7кг и чекиран 30кг, согласно политика на авио компанија);

– аеродромски такси;

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром;  

– 5 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out);

– Организација и реализација на патувањето

– локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

– Влезна виза за  Дубаи – 95ЕУР по лице (задолжително за сите возрасни лица)

– Патничко здравствено осигурување

– Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи

– Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот

* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). 

Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

– ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ – НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)

– ДУБАИ САФАРИ – со збирен трансфер/ 50еур по лице

– КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА – со збирен трансфер/ 70еур по лице

– ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ – 90 евра по лице (за минимум 4 лица)

– ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – збирна/ 50еур по лице

– Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат

– ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 60 евра по лице

– останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Со сместување на едно дете без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба.

– БЕБЕ 0-1,99 години е БЕСПЛАТНО во авион и во хотел

– Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.

– Сите оброци во хотелите се на база шведска маса

– Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците

– Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

– За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

– Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна

Важни напомени:

–   За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).