Инфо

8 МАРТ – ВЕНЕЦИЈА  /со авион/

термин – 08.03-11.03.2020г.

Секако најнеобичниот град на светот. Венеција е oпишувана, фантазирана и сакана со векови. Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот, а милиони туристи остануваат воодушевени и воодушевени од незината единствена и уникатна убавина.

1 Ден – 08/03/2020 (Недела) СКОПЈЕ – ТРЕВИЗО – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на група во 10:00 часот на аеродромот во Скопје.Лет за Тревизо во 12:20 часот.Пристигнување ви 14:05 часот.Трансфер до хотелот и сместување во хотел во Местре.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 Ден -09/03/2020(Понеделник ) ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности.Во договореното време заминување со јавен превоз (воз+вапорето)  за Венеција – единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција.Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот.Срцето на градот кој наместо улици има канали,а наместо автомобили – гондоли, и плоштадот Сан Марко изграден 50 метри над водата на темелите на дрвени греди.Легендата вели дека додека шетал низ островите,на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита.Разглед на градот низ кој се простира Црквата Свети Марко,Дуждевата Палата,каналите и мостовите кои минуваат низ целиот град, од кои најпознатиот е Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на најубавото и највкусното италијанско кафе, можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот – венецијанските маски. Враќање во хотел со јавен превоз од Венеција .Ноќевање.

3 Ден – 10/03/2020 (Вторник ) ВЕНЕЦИЈА ,МУРАНО, БУРАНО , ТОРЧЕЛО

Појадок.Поаѓање со јавен превоз до Венеција.Превоз со вапорето до Сан Марко.Факултативна посета со брод до магичните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано.Приказната започнува од шарениот остров Бурано надалеку познат по производството на тантела со игли.Кога Леонардо Да Винчи го посетил во 1481 година од таму купил ткаенина за главниот олтар на Миланската катедрала Duomo di Milano,па оттаму се започнало со масовно производство кое било извезувано низ цела Европа.Шарениот остров е познат и по различната боја на куќите,традиција која настанала во далечното минато.Кога рибарите се враќале дома,поради густата магла не можеле да ги препознаат своите домови,па оттогаш нивните жени започнале да ги бојат куќите во различни јаки бои за да не залутаат нивните мажи.Денес овие куќи се под заштита на УНЕСКО и доколку некој сака да ја промени фасадата на својот дом,мора да испрати барање до Владата која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела.Оттаму продолжуваме кон Мурано (стаклениот остров) каде се произведуваат најубавите лустери,преубавите сувенири,накит,чаши,чинии…Во 1921 година заради спречување на можноста од избувнување на пожари донесена е одлука целото производство на стакло да се пресели од Венеција на овој остров,па така се до 18 век Мурано држел монопол во производството на стакло.Стакларите биле најценетите граѓани на островот –носеле меч,имале имунитет од казни,можеле да се женат со ќерките од најдобрите семејства во Венеција.За возврат на сето тоа имале забрана да го напуштаат островот бидејќи на тој начин се настојувало да се сочува тајната на производството на стакло.Слободно време за уживање во раскошната убавина на островот. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во тој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање до Сан Марко.Слободно време за индивидуални активности. Враќање со јавен превоз од Венеција со вапорето + воз  во хотелот. Ноќевање.

4 Ден – 11/03/2020 (Среда) – ВЕНЕЦИЈА , ТРЕВИЗО , СКОПЈЕ

Појадок.Организиран трансфер од хотелот во Местре  до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 14:40 часот.Слетување во Скопје во 16:20 часот.

ЦЕНА – 239€

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

Авионски билет на релација Скопје – Тревизо со WIZZ AIR
Трансфер од аеродромот во Тревизо до Хотелот и обратно
Аеродромски такси
Рачен багаж максимум 8 кг (40 х 30 х 20)
Сместување во Хотел со 3*во Местре на база 3 ноќевање со појадок
Организација и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО :
Факултативен разгед на островите – Бурано , Мурано и Торчело – 35 €
Карти за локален превоз до Венеција -1,5 до 2 € по правец
Превоз со вапорето (јавен превоз на вода )7,5 до 8€ по правец
Туристичка такса -4 € од ден по лице
Здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНА

За реализација на ова патување , потребен е минимум од 20 патници
Плаќањето се врши исклуливо во денарска противвредност по курс 1 €=62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30% , Целосна доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Агенцијата го задржува правотоза отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање
Останатите услови на патување важат според програмата на Т.А. ИНТРАВЕЛ СЕРВИС