Инфо

10 држави, 35 градови и 4500km

Расположени сте за вистинска авантура на Америкнско тло?

20 дена дружење и забава на најпознатиот пат во Америка – Рута 66.

20 дена на 2 или 4 тркала

Harley-Davidson или Camaro?

Ве носиме на оригиналното патување низ САД по легендарниот (историски) автопат Route 66. На оваа 20 дневна авантура, ќе патувате низ 10 држави, 3 временски зони и ќе поминете 4 500 км, повторно откривајќи го патот што е исто така познат како “The Mother Road” на Америка. Возењето по историскиот пат 66 е како патување низ жив музеј. Пејзажот се менува толку брзо како културата и луѓето по патот. Ќе поминете 15 дена возење на патот од 20 дневното патување. Турата ќе ве однесе во посета на дел од големите градови како Лос Анџелес, Лас Вегас и Чикаго па се до уникатни градови и села по патот со каубои и Индијанци. Легендарниот автопат ќе ве однесе преку прекрасни пејзажи од Шарената пустина во Аризона до моќниот Гранд Кањон. Ќе запознаете нови култури и места и ќе создадете нови пријатели меѓу луѓето со кои возите и патувате заедно на вашата животна авантура.

Сакаш да ги дознаеш сите детали и цени за оваа понуда?

Остави ни податоци за контакт и ние ќе ти ги испратиме сите детали

Вклучено во цената

  • Повратен авиобилет од Скопје
  • Хотелско Сместување
  • Изнајмување на Мотор Harley Davidson
  • Трошоци за гориво

Цената не вклучува

  • Депозит кој се остава во Rent a car агенцијата во САД (износот ви се враќа на крајот на патувањето)
  • Лични трошоци