Инфо

Почувствувај го Скопје е програма наменета за сите оние кои сакаат да го разгледаат главниот град во едно малку поинакво светло, да поминат неколку дена во срцето на градот сместувајќи се во најдобрите хотели кои вообичаено ги користат странски туристи. Ви нудиме програма во која има што да видите и вкусите …

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :

1-2 ДЕН :  Пристигнување во Скопје. Сместување во хотел „Солун“4* до 14.00ч. Краток одмор. Припрема за организиран разглед на Скопје со велосипед во траење од 2 часа низ централното градско подрачје. Враќање во хотел и вечера . Вечерни индивидуални активности. Ноќевање.

3 ДЕН : Појадок. Одјавување од хотел „Солун“ и пријавување во хотел „Сити Парк“ 4*. Организирана прошетка на Зоолошката градина. Слободни активности. Организирана вечера во ресторан „Маџо 2“која го вклучува нај вкусниот и добитник на награда „Бургер Фергусон“ – подготвен од шеф Филип Поповски (Готвиме со Фичо) кој што се наоѓа во склоп на хотелот. Ноќевање.

4 ДЕН :  Појадок. Организиран полудневен излет до Кањон Матка, каде што ќе имате организирано возење со брод во време траење од 30мин. Ручек (факултативно) во еден од рестораните во самиот кањон. Ноќевање.

5 ДЕН  : Појадок. Одјавување од хотел.

7590 ден

ПО ЛИЦЕ / 4 НОЌИ

Цената вклучува:

  • Сместување во двокреветни соби на база ноќевање со појадок за две лица
  • Вклучен Маџо бургер ( добитник на награда )
  • Вклучена вечера во хотел „Солун“
  • Разглед на Скопје со велосипед
  • Вклучен полудневен разглед на кањон Матка со трансфер
  • Вклучена влезница за посета на ЗОО градина

Цената не вклучува :

  • Превоз до Скопје
  • Користење на СПА услуги во хотел „Солун“
  • Ручек при посета на Матка
  • Сите останати не наведени трошоци во програмата.

Важат општите услови на патување на Ин Травел Сервис и СКТМ.