Инфо

Ова лето е дефинитивно поинакво, но не значи дека не треба да биде исполнето со прошетки – нашата програма “Почувствувај го Скопје“ ја искомбиниравме со нашиот најпосетен туристички центар Охрид и создадовме 5 дневен активен одмор …

“Почувствувај го Скопје“ е програма наменета за сите оние кои сакаат да го разгледаат главниот град во едно малку поинакво светло, да поминат неколку дена во срцето на градот сместувајќи се во најдобрите хотели кои вообичаено ги користат странски туристи. Ви нудиме програма во која има што да видите и вкусите …

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :

1-2 ДЕН :  Пристигнување во Охрид хотел „Гранит“ 4* до 14:00ч. Слободни активности. Вечера.Ноќевање.

3 ДЕН  : Појадок. Одјавување од хотел до 10:00ч. Поаѓање за Скопје. Сместување во хотел „Солун“4* до 14.00ч. Краток одмор. Припрема за организиран разглед на Скопје со велосипед во траење од 2 часа низ централното градско подрачје. Враќање во хотел и вечера . Вечерни индивидуални активности. Ноќевање.

4 ДЕН : Појадок. Одјавување од хотел „Солун“ и пријавување во хотел „Сити Парк“ 4*. Организирана прошетка на Зоолошката градина. Слободни активности. Организирана вечера во ресторан „Маџо 2“ која го вклучува нај вкусниот и добитник на награда „Бургер Фергусон“ – подготвен од шеф Филип Поповски (Готвиме со Фичо)кој што се наоѓа во склоп на хотелот. Ноќевање.

5 ДЕН :  Појадок. Одјавување од хотел.

7.720 ден

ПО ЛИЦЕ / 4 НОЌИ

Цената вклучува:

  • Две ноќи во хотел Гранит на база полу пансион
  • Две ноќи во Скопје на база ноќевање со појадок
  • Вклучен Маџо бургер ( добитник на награда )
  • Вклучена вечера во хотел „Солун“
  • Разглед на Скопје со велосипед
  • Вклучена влезница за посета на ЗОО градина

Цената не вклучува :

  • Превоз до Скопје
  • Користење на СПА услуги во хотел „Солун“
  • Сите останати не наведени трошоци во програмата.