Инфо

“Christmas Мarket”  ВО  ЗАГРЕБ
28.12.2019-02.01.2020

Адвентот во Загреб според изборот на гласачи од “European Best Destinations” трет пат со ред е прогласен за најдобра дестинација за посетување за новогодишните и божиќните празници во европа во 2015, 2016 и 2017 година.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 02.12.2019: 179 ЕВРА

Зошто да ја прославите Нова Година во Загреб?!

Адвент во Загреб Christmas Market

Звуците на божиќните ѕвончиња, мирисот на медењаците, вареното вино …. доволно е само да се препуштите на уживање! Загреб за време на Адвентот нуди безброј случувања и манифестации кои би го задоволиле вкусот и на најпребирливите посетители. Забава, добра храна, уникатни случувања, уметност, но и вистински божиќен настан ве очекуваат на улиците на главниот град на Хрватска. Немојте да го чекате Дедо Мраз пред каминот, туку пронајдете го низ Загреб. Спремете ги вашите зимски обувки за долга авантура затоа што ве чекаат безброј изненадувања и музички програми, со кои прекрасната атмосфера е неизбежна!

Започнуваме со Адвентот во Загреб, спремете се!
Адвентот во Загреб е традиционална претпразнична манифестација која се одржува на повеќе локации во центарот на Загреб со богата културно-забавна програма. Програмата започнува на крајот на ноември и трае до крајот на декември.

Адвентот во Загреб започнува со традиционално палење на првата адвентска свеќа на Плоштадот Бан Јелачиќ, кај Мандушевац. Во уличките околу плоштадот Бан Јелачиќ се одржува Божиќен саем. Пригодни божиќни подароци, медењаци, шарени украси, божиќен накит и сувенири, кои што можат да се најдат во огромниот број на продавнички, кај уметниците кои ги продаваат и кај произведувачите на традиционални хрватски производи.
На главниот плоштад во Загреб кај големиот часовник, се наоѓа голема божиќна елка, а на сцената се одржуваат концерти и претстави.
Од 2014 година новитет е Ледениот парк на плоштадот Томислав, кој вклучува лизгалиште, угостителски услуги и музичка програма.

ДЕЛ ОД БОЖИЌНАТА ПРОГРАМА:
ПОСЕТА НА „ЛЕДЕНИ ПАРК“

На плоштадот „Краљ Томислав“ Ве очекува магична зимска идила на мраз – лизгалиште на отворено. Можност да научите да лизгате со помош на стручни лица од школи за лизгање. Музичката програма и разните гастрономски специјалитети ќе ја затоплат празничната атмосфера, додека пак, квалитетната културна содржина ќе направи да се почувствувате како да сте дел од вистинска Божиќна бајка.

ПОСЕТА НА „ПАРК  ЗРИЊЕВАЦ“

Во еден од најубавите паркови во Загреб, во кој има преку 220 раскошни дрвја украсени со преку илјада светилки, музички павилјон со божиќни класици и валцери, стари загребачки специјалитети, уникатни рачно изработени сувенири и  топла атмосфера ќе ве вратат во детството и ќе ве потсетат, што е всушност Божиќ.

ПОСЕТА НА „ЕВРОПСКИ ПЛОШТАД“

Строгиот Центар на градот е омилено место на младите. Освен концерти, можете да погледнете добар филм, многу  интересни изложби и понуди од разни европски градови…Добро друштво, греано вино, како ѝ богата музичка програма, е услов за незаборавна забава.

ПОСЕТА НА „ЗАГРЕБАЧКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА“

Во Центарот на градот ќе уживате шетајќи низ божиќните куќарки полни со сувенири, благи специјалитети и новогодишни подароци. Звукот на различните жанрови (џез, фанк, рок, поп) само ќе допринесе расположението да биде поголемо.

ПОСЕТА НА „ФУЛИРАЊЕ“

Како дел од „адвентот“, на плоштадот „Штросмајер“ кај „успињача“ (Загребачка жичара), сместени се врвни ресторани и барови со специјална гурманска „street food“ понуда –  гулаш, истарска супа, локални специјалитети, скара, сармички, креативни бургери и сочни колбаси…

ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ ГРИЧ“

Пешачкиот тунел „Грич“ кој се наоѓа под „Стариот град“, за време на празници се претвора во вистинска Божиќна бајка.

ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ МАРИЌ“

Тунел од бели гранки украсен со илјадници бели светилки. Минувајќи низ него, ќе доживеете милион воздивки, позитивни вибрации, како ѝ мали трик изненадувања.

ПОСЕТА НА „ДВОРОВИ КЛОВИЌ“

Во најубавиот дел од градот, во идилично опкружување на „Горниот Град“ ве очекуваат незаборавни моменти и спомени.
Освен бесплатни концерти, божиќни колачиња и добра забава, посетителите ќе имаат можност да се сликаат во посебна рамка – која има поглед на Загребачката катедрала. За совршена зимска фотографија, од оваа рамка може да врне снег кога и да посакате.

ПОСЕТА НА„ВРАНИЦАНИЕВА ПОЉАНА“

Бајковита локација на „Горниот Град“ која што едноставно мора да се види во живо – џез ритам со чудесна и помалку мистична атмосфера дополнета со сценографија.

ПОСЕТА НА„ШЕТАЛИШТЕ ШТРОСМАЈЕР“

Најромантичниот дел од „Горни Град“- место каде секој сон станува реалност. Препорака за посета на „Caffe de Matoš“.

ПОСЕТА НА „ИСУСОВО РАЃАЊЕ“

Драмски сцени од Исусово раѓање.

ПОСЕТА НА„АДВЕНТСКИ ВЕНАЦ“

Низ целиот град ќе бидат поставени дрвени куќарки со рачно изработени сувенири, украси и божиќни подароци за најблиските.

Печени костени, божиќни колачи, греано вино и весел амбиент се рецепт за незаборавно искуство и вистинска празнична еуфорија.

Локации: Улици – Боговиќева, Гајева, Петриќева, Варшавска, Плоштадот на република Хрватска, Плоштадот Бан Јелачиќ

Видео од „Божиќниот базар“ во Загреб: Christmas Market

Вклучено во цената

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел I 3
  • Разглед на Загреб со професионален водич
  • Посета на Christmas market (Advent Zagreb 2020)
  • Придружник од агенцијата
  • Организација и реализација на аранжманот

Цената не вклучува

  • Факултативна посета на Љубљана со водич: 20 € (мин. 20 патници-резервации во агенција)
  • Влезници за музеи и културно – историски споменици
  • Патничко осигурување
  • Други нспомнати услуги и лични трошоци
Преземи целосна Програма/Ценовник

1 ден (28.12.2019) сабота: Македонија - Загреб

Состанок на групата Скопје (паркинг пред хотел Континентал). Продолжување на патот преку Србија, царински формалности, попатни одмори, ноќно возење.

2 ден (29.12.2019) недела: Загреб

Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Попладне разглед на Загреб со професионален туристички водич:
Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала ( 100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути).... Ноќевање.

3 ден (30.12.2019) понеделник: Загреб- Љубљана-Загреб

Појадок. Факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот со водич, Разглед на градот со водич (посета на Прешерновиот плоштад, Љубљански град -стариот дел на Љубљана. Слободно време за индивидуални прошетки по кејот на реката Љубљаница и слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во хотел.Во попладневните часови враќање во Загреб. Ноќевање.

4 ден (31.12.2019) вторник: Загреб

Појадок. Слободен ден и уживање на убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќна магија на градот. Дочек на Нова Година, на еден од плоштадите или во дискотека (факултативно). Ноќевање.

5 ден (01.01.2020) среда: Македонија

Појадок. Во претпладневните часови заминување за Македонија, Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење.

6 ден (02.01.2020) четврток: Македонија

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Преземи целосна Програма/Ценовник