Инфо

Будва – Котор – Tиват – Бар – Дубровник – Сутоморе

29.12.2019-02.01.2020    5 дена /4 ноќевања

Цена: 2990 ДЕН

29.12.2019 (недела)- Состанок на групата во Скопје во 06:00 часот на Дрводекор. Поаѓање за Црна Гора. Се патува  преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сутоморе во попладневните часови. Сместување. Слободно попладне. Во 20:30 часот поаѓање за Бар.Слободно време од околу 3 часа за индивидуален разглед на градот. Во договореното време враќање за Сутоморе. Ноќевање.

30.12.2019 (понеделник) – Состанок на групата во 09.00 часот и поаѓање за Дубровник. (факултативно). Дубровник е еден од најатрактивните и најпознати градови на Јадранот. Го чуваат градските ѕидини поделен од Страдун главната улица, заштитен од Св.Влах. Слободно време за индивидуална прошетка од околу 3 часа . Попладне враќање во Сутоморе. Вечерта во договорено време поаѓање за Будва. Забава на плоштад или во некое локално кафуле или ресторан. Враќање во Сутоморе. Ноќевање. 

31.12.2019 (вторник) – Во 12 часот заминуваме за Будва  (предвидено време за прошетка 3 часа). Попладне враќање во Сутоморе.Околу 20.00 часот повторно поаѓање за Будва. Дочек на новата 2020та година на градскиот плоштад со балканската ѕвезда Здравко Чолич. По завршување на концертот во договореното време враќање во Сутоморе. Ноќевање.   

01.01.2020 (среда) – Ден предвиден за факултативен излет во Тиват-Порто Монтенегро и Котор (предвидено време за прошетка по околу 2.30часа). Враќање во Сутоморе во попладневните часови. Околу 20.00 часот поаѓање за Будва.На градскиот плоштад концерт има најголемата балканска ѕвезва Светлана Цеца Ражнатовиќ.По завршувањето на концертот во договореното време враќање во Сутоморе.Ноќевање

02.01.2020 (четврток) –  Околу пладне одјавување од апартманите во Сутоморе и поаѓање за Македонија.Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи и цанрински формалности.Пристигнување во вечерните часови.

Вклучено во цената

  • • превоз на наведената релација
  • • 4 ноќевања во Сутоморе (приватно сместување вила Скаут,Скаут 1)
  • • организација и реализација на патувањето
  • • претставник од агенција за време на целото патување

Цената не вклучува

  • • факултативна посета на Тиват-Порто Монтенегро и Котор 10 евра
  • • факултативна посета на Дубровник 15 евра
  • • патничко -здравствено осигурување
  • • индивидуални трошоци
  • • Трансфер од Струмица, Радoвиш, Штип, Битола, Прилеп, Кавадрци, Неготино(Росоман кај бензинската пумпа), Велес кој се доплаќа 5 ерва по лице.
Преземи целосна Програма/Ценовник