Инфо

Термин   16 Март – 20 Март  (5 дена )

1 Ден (16 Март )

Состанок на групата паркинг – Хотел Holliday Inn во 07:00ч.Поаѓање кон Грција   граничен премин Богородица , пристигнување во Солун ,разглед на Солун . посета на Цркавата Св. Димитрија и слободно претпладне за шопинг . Во 15 ч заминување кон аеродромот во Солун .Полетување за Аман во 17:10ч , слетување во 19:35ч .Трансфер до  Hotel  Lilium  4* сместување  и ноќевање .

2 Ден (17 Март ) – Појадок . Заминување заЏераш (Jerash)– факултативно

Еден од најпосетените локалитети во Јордан после Петра и Wadi Rum пустината. Антички град кој крие трагови на население од пред 6500 год. Златното време на градот било во време на владеењето на Римјаните па се до денес е едно од најдобро сочуваните провинциски градови на стариот Рим. Ова скапоцено наследство, комбинација на влијанието на старата Грција, Рим, Медитеранот и Ориентот е откриено пред 70 години и е место на вековно зближување на истокот и западот. Денес е модерен град со околу 50.000 жители, од кој поголемиот дел се Арапи, Палестинци, Курди и Ерменци. Како и сите други градови во Јордан е неверојатно место каде може да уживате во складноста и мешавината на културата и народот на истокот .Во вечерните часови  забава во Јордански ресторан со традиционална арапска музика и храна (факултативно).Враќање во Хотел .Ноќевање

3 Ден (18 Март ) – Појадок .Заминување кон Мадаба, Планината Небо и Мртвото море (факултативно )

Планината Небо е местото од каде Мојсеј ја видел Ветената земја. Се наоѓа во близина со границата на Израел и кога е ведро времето може и да се види територијата на Израел. Мадаба е град во близина на планината Небо, уметнички центар на истокот но и на Византија. Веќе со векови го чува наследството од раните христијани и е симбол на почитувањето и разбирањето помеѓу народите. Продолжуваме кон Мртвото море, најнеобично на светот, езеро кое веќе со години привлекува илјадници туристи. Аристотел пишувал за неверојатните својства на неговата вода, а египетската кралица Клеопатра го добила како подарок од Маркo Антониo. Со длабочина од 416м под нивото на морето, преставува најниска точка на земјата. Највисока концентрација на сол во водата. скоро осум пати повеќе од било кое море или океан на светот. Цената вклучува: локален водич на англиски јазик, влез на јавната плажа на Мртвото море, превоз, влезници како и претставник на агенцијата. Враќање во Хотел . Ноќевање .

4 Ден (19 Март ) – Појадок . Заминување кон Петра и Вади Рум ( факултативно )

Сместена помеѓу Црвеното и Мртво море и населена од праисториски времиња се до VII век; главен град на Набатејците врежан во карпа во хеленистичко и римско време, е главен центар за темјан на Арабија, свила од Кина и зачини од Индија; раскрсница меѓу Арабија, Египет и Сирија. Петра е половина изградена, половина изрезбана во карпа, а е опкружена со планини и клисури. Генијалниот систем на управување со водата овозможило екстензивно решавање на сушното подрачје во времето на владеење на Набетејците, Римскиот и Византискиот период. Петра е една од најбогатите и најголемите археолошки наоѓалишта во светот поставена во доминантно песочен пејсаж. Извонредната вредност на Петра е наоѓа во архитектурата на гробниците и храмовите; остатоците од канали, тунелите и браните за пренасочување на вода, кои се комбинираат со огромна мрежа тенкови и резервоари што собираат сезонски дождови; како и многуте археолошки остатоци – храмови, цркви и други објекти. Мешавината на хеленистичките архитектонски фасади со традиционалните изрезбани во камен храмови или гробници на Набатејците – вклучително и Трезор, гробницата Урн, гробницата Коринтан и Деир (“манастир”) – претставуваат уникатно уметничко достигнување и фасцинантна архитектонска целина во првите векови п.н.е. Различните археолошки остатоци и споменици од праисторијата до средовековниот период се сведоштво на сега изгубените цивилизации кои се нижеле една по друга на оваа локација. Заминување кон Вади Рум .

 Вади рум се нарекува и „Долина на месечината“ заради неговите нереални пејзажи. Оваа пустина се наоѓа недалеку од границата со Саудиска Арабија.Во Вади Рум се менуваат пејзажи како што се тесни клисури, природни сводови, пустинска вегетација и пештери. Некаде песокот е жолт, некаде светла портокалова и некаде земјата е покриена со мали камења. Името Вади Рум значи долина, а највисоката точка во пустината е планината Ум Дами и е висока 1800 метри. Времетраењето на излетот е 1 ден. Цената вклучува: трансфери, локален водич и влезници. Враќање во Хотел . Ноќевање .

5 Ден(20 Март ) – Појадок . Заминување за Амман Aman City Tour

Факултативен излет Aman City Tour – полудневен излет: Аман, главниот град на Кралство Јордан. Во градот живеат нешто повеќе од 4 милиони жители и го сметаат за најлиберален град во арапскиот свет. Бројот на туристи и понатаму е мал но од година во година постојано се зголемува. Богатото наследство и духот на истокот привлекуваат внимание на патниците ширум светот. Град кој е создаден за истражување и уживање во магијата на истокот. Ја посетуваме прочуената Цитадела, сместена на едно од седумте брда во Аман од кое се нуди неверојатен поглед на самиот град. Посетуваме храмови, музеј, палатата Omayyad и бројни други локалитети. Излетот го продолжуваме со возење до прочуениот Римски театар во самото срце на градот па нас овој ден некако не шета помеѓу Рим и Акропол додека чекориме по сокаците на пустинскиот град на истокот. Запознавањето со улиците на главниот град на Јордан го продолжуваме со возење и посета на џамијата на Крал Абдулах, па се до враќањето во “Нов Аман“ и прошетка низ прочуената улица “Rainbow Street”. Заминување кон Аеродромот во Амман . Полетување во 20:10ч, Слетување во Солун во 22:35ч. Заминување кон Македонија . Пристигнување во вечерните часови .

Промотивна цена 369€  (за уплата до 20 Јануари)

Цена на аранжманот   –  399 €

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Превоз Скопје – Солун
  • Авиобилет Солун – Амман – Солун (рачен багаж до 10 кг- 40 х30 х20)
  • Трансфер аеродром – хотел
  • 4 ноќевања со појадок во Хотел Lilium 4* – Aмман  
  • Организација и водство со локален водич
  • Придружник на патувањето од агенцијата

Во цената на аранжанот НЕ Е вклучено :

  • Jорданска виза – 60€ (се издава на аеродром , потребно е две слики )
  • Факултативен излет Џераш (Jerash) – 40 €
  • Факултативен излет Мадаба, Планината Небо и Мртвото море – 40 €
  • Факултативен излет Петра и Вади Рум – 80
  • Факултативен излетCiti Tour Amman -15€
  • Факултативна вечера во Национален ресторан – 35€

ПРОГРАМОТ Е РАБОТЕН НА МИНИМУМ 18 ПАТНИЦИ ГРУПАТА СО ДАДЕНА ДАТА ЌЕ СЕ  РЕАЛИЗРА СОГЛАСНО БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ

Корисни информации

Блискоисточна земја со неверојатна и турбулентна историја и целосно отворени и пријатни луѓе. Граничи со Сирија, Ирак, Саудиска Арабија и Израел. Пустините, реките, планините се протегаат низ целата земја, а во центарот е градот од камен – Петра, место заштитено од УНЕСКО. Исто така, на оваа територија се наоѓа и најсоленото море во светот – Мртво мореВалута: јордански динари: 1 EUR = 0.88 JOD ; 1 USD = 0.71 JODПлатежни картички и банкомати: Банкомати постојат, но не може да се потпрете на нив. Картички не секогаш може да се користат и се препорачува плаќање во готовина. За повеќе детали посоветувајте се со вашата банка и задолжително пријавете го заминувањето во странство, за да не дојде до случајно блокирање на вашите картички.Временска зона: GMT +3 Виза: Задолжително понесете две фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со димензии 3.5 x 4.5 цм.Клима: Климата во Јордан е типично пустинска клима, со високи дневни и ниски ноќни температури. Во текот на денот температурата се движи помеѓу 20 и 32˚C, додека ноќните можат да се спуштат околу 10˚C. Па за време на пакувањето имајте го ова во предвид.Храна и пијалаци: Традиционалната исхрана опфаќа, пилешко, јагнешко, приготвени на повеќе начини, леб, салати и јадења кои се карактеристични за Блискиот Исток, како што се фалафел и хумус. Тука се и слатките како слатко сирење, баклави… Задолжително пробајте чај и кафе. Алкохолот е прилично скап. Исто така, во рестораните каде што претежно се исхранува муслиманското население, алкохол не се нуди. Овошјето премијте го со флаширана вода или излупете го. Цените за храната се прифатливи, што не е случај за алкохолните пијалаци.Осигурување: Препорака е да се има здравствено осигурување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ !