Стокхолм, Шведска

Знаете ли дека овој град често се нарекува и „Венеција на северот“?10% од неговата површина се прекриени со вода. А водата е толку чиста што може да се јаде риба уловена во градскиот центар.
Градот, кој се простира на 14 острови, има холистичка визија која за своите жители комбинира изградба со одржлив развој.
Стокхолм е основан во 1252 година на спојот на езерото Меларен и Балтичкото Море. Главен град на Шведска службено станал во 1436. Седиште е на, помеѓу другото, Кралската академија на науките, Карловиот институт и Шведската академија, која ги одбира добитниците на Нобелова награда од физика, хемија, економија,медицина и литература.

Ница, Франција

Овој прекрасен и популарен град се наоѓа недалеку од италијанската граница, а е создаден уште во 4-ти век.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (француски: Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. Сега со декади, сликовитата околина на Ница не ги привлекува само оние во потрага по одмор, туку и оние кои бараат инспирација.

Тој важел за инспирација на многу големи уметнички имиња, а се дели на два дела – стар и нов.

Стариот дел е карактеристичен по тесните улички и високи, шармантни, камени куќи, а новиот пак, сместен покрај брег, со модерни, широки авении, палми, ресторани, барови и хотели.

Бурано, Италија

Овој мал остров кој брои 4.000 жители е преполн со шарм, култура и многу бои!

Покрај шарените куќички, островот е познат и по чипката. Жените од островот се експерти во работењето со чипка уште од четиринаесеттиот век, кога и станале познати, откако Леонардо да Винчи од нив ја купил ткаенината која е користена на олтарот кој се наоѓа во магичната градба Дуомо во Милано.

Оддалечен само четириесетина минути возење со брод од Венеција, Бурано е старо рибарско место со рибарска традиција која потекнува од римската доба. Градот всушност се состои од четири поединечни острови одвоени со тесни канали над кои има голем број на прекрасни пешачки мостови.