Ски центарот Похорје  е еден од нај големите ски ресорти во Словенија. Одлична понуда на овој ски центар е организирана по урнек на австриските ски центри. Од Скопје е оддалечен околу 1000км, а од Љубљана 130км. Има 40км добро уредени стази за скијање. Стазите се меѓусебно поврзани со мрежа на ски лифтови (16), жичари (4) и гондола со пропустлива моќ од 18000 скијачи на саат. Стазите се наоѓаат на надморска висина од 330 до 1347 м. Има вкупно 36км уредени стази за cross-country, 10км стаза за ноќно скиjање, кои се одлично припремени и работат од 18ч до 21ч, како и 15 топови за вештачки снег кои овозможуваат квалитетно скиање без разлика на временските услови, од октомври до април.

Похорје е познато по долга традиција во женско скиање, веќе 34г. се одржува Светскиот ски куп во скиање за жени познат по трофејот ЗЛАТНА ЛИСИЦА. Има организирана школа за скијање и ски борд како и можност за наем на ски опрема комплетна. Овој ресорт топло го препорачуваме на младите и семејствата поради обилната содржина што ја понудува.

ОПИС НА ХОТЕЛИТЕ

Хотел ARENA 3*/4*

Локација: хотелот е сместен во подножјето на Мариборското Похорје, во идеален амбиент, покрај самата стаза. Од Марибор е одалечен 6км.

Содржина: хотелот располага со 59 соби,ресторан, WiFi,Wellness центар со финска и инфра црвена сауна, парно купатило,ладна пештера и ладен базен, паркинг.

Соба: купатило (туш/WC), SAT TV, телефон и минибар. Супериор собите се наоѓаат во новиот дел на хотелот. Поголем број од собите се со тераса.Стандард собите имаат 3* , супериор 4*.

Услуга: Полупансион (појадок / вечера – buffet). Можност за доплата за полн пансион.

Хотел HABAKUK 4*

Локација: хотелот се наоѓа во подножјето на Мариборското Похорје на само 100м од ски стазата и 50м од гондола. Автобуската станица се наоѓа одма под гондола на која на секој 15мин. поаѓа автобус кој оди до центарот на Марибор. 

Содржина: Главен ресторан, два a la carte ресторани, како и кафе слаткарница.

Соби: Во склоп на хотелот се стандард и супериор соби. Секоја соба има купатило, фен за коса, SAT TV, телефо, мини бар, сеф  и клима. Сите супериор соби имаат тераса.

Услуга: Полупансион.

WELLNESS и SPA центар е во склоп на хотелот има внатрешни и надворешни базени кои се простираат на површина од 740 m².  Гостите имаат на располагање на голем внатрешен базен со температура на вода од 33° C со неколку  whirpool каде е водата до 35°C, потоа голем надворешен базен кои се копристи во летниот период , со поглед на Марибор, како и помал надворешен базен кои се користи во зимскиот период. Во склоп на центарот се наоѓаат и две фински сауни , инфра црвена сауна и парно купатило.За рекреација е наменет фитнес центарот и теренот за сквош.Во склоп на центарот се наоѓа и ПРВИОТ БАБОР СПА центар во регијата-во пријатна атмосфера ќе ја видите разликата на луксузните третмани, третман на лице и тело со со иновативни решенија за нега на ваѓата кожа, давајќи позитивни резултати. Под Похорје е донесено вистинското искуство на здравјето, која им овозможува на гостите да го осетат луксузниот двет БАБОРА – пионерите во нега на кожа.Терме Марибор се застапници на познатата козметичка куќа Бабор, така да покрај третманите со препаратите од оваа козметичка линија гостите можат и да купат различни производи на Бабор козметика.

Хотел BELLEVUE 4*

Локација: Овој пријатен хотел се наоѓа на 1.050м. надморска висина,на самата стаза.До хотелот е можно да се дојде со гондола или по околниот пат. 

Содржина: Покрај хотелскиот ресторан, на гостите им стои на располагање камин салата,како и бар со голема тераса.

Соби: Во склоп на хотелот се собите и апартманите.Секоја соба има купатило, фен за коса,SAT TV,мини бар и сеф. Апартманите имаат одвоена спална соба и опремена кујна. 

Услуга: полупансион.

Во WELLNESS центарот на хотелот гостите можат да уживаат во богатата понуда на сауни,како што се турска сауна,екстремна финска сауна или хромотераписка финска сауна, а на располагање им се и тунел изненадувањата со тушеви, соба за одмор и ледената јама. Во склопот на хотелот е и опремен фитнес центар.

Цената е изразена во еур по лице по пакет – услуга полу пансион

Хотели на подножјето на Мариборско Похорје
Минимален престој 3 дена / 2 ноќи, важи во период од 05.01.-31.03.2020.
ЗИМСКИ ПАКЕТ -15% до 15.10.2019. 3 дена / 2ноќи 5 дена /4ноќи 8дена /7 ноќи Ден плус
Arena 3* стандард 2+1 108 216 378 54
Arena 4* супериор 2+1 138 276 483 69
Минимум престој 3дена / 2 ноќи, важи за период од 05.01.-08.03.2020.
ЗИМСКИ РАДОСТИ 7=6 вклучени во цена 3 дена / 2ноќи 5 дена / 4 ноќи 8 дена/7ноќи Ден плус
HABAKUK 4* стандард  170 340 510 86
HABAKUK 4* супериор 178 356 534 89
HABAKUK 4* премиум 202 404 606 101
HABAKUK 4* Junior suite 486 972 1458 243
Хотел на Мариборско Похорје
BELLEVUE 4* 1/2+1 132 264 396 66
BELLEVUE 4* фамилјарна2+2 146 238 438 73
Апартманско сместување – минимален престој 3дена/2ноќи,важи за период од 05.01.-08.03.2020.
Цена изразена во евра по апартман ноќ-услуга наем. Цената вклучува сместување на база наем, постелнина, основен кујнски прибор, паркинг, интернет во хотел.
BELLEVUE – APP 1/2+2 123 Крајно чистење 25€
BELLEVUE – APP 1/4+2 168 Крајно чистење 25€
Обавезни доплати во апартман: Доплати по лице и ноќ по апартман:
Туристичка такса  2,5€ дневно Пријавување 1€ за лица постари од 18 години- еднократно За престој подолг од 5 ноќи крајното чистење е басплатно Депозит  150€ по апартман Промена на име или термин на резервација 20€ Домашни миленици (доплата во хотел) 15€ Рано влегување во соба или касно одјавување од хотел (во зависност на расположивост 50%) Појадок 9€  Ручек 14€  Вечера 14€