fbpx

Magic Ionian Apartments & Rooms, Химара

Сосема новата зграда на вилата Magic Ionian се наоѓа во близина на центарот на Химара на плажата Потами (Река), веднаш по националниот пат што ги поврзува Химара со Валона (на север) и Саранда (на југ). Magic Ionian Apartments & Rooms се наоѓа крај морето на само еден единствен чекор до плажата. Нуди уникатно искуство на љубителите на природата кои имаат можност да уживаат во јонскиот брег и да поминат убави времиња со поглед на море, гледајќи ги исклучителните зајдисонца и зори. Нашето ветување е да го направиме вашиот одмор во јонскиот бисер незаборавен!

Хотелот располага со двокреветни соби, студио, апартмани. Собите се со поглед на море или планина. Сите соби се опремени со бесплатен Wi-Fi пристап, ТВи фрижидер. Повеќето соби имаат комплетно опремена кујна или чајна кујна со трпезарија. Приватните бањи се опремени со туш. Приватен паркинг е достапен на лице место по претходно барање.

Magic Ionian има сопствена градина. Вилата се наоѓа во близина на различни ресторани, таверни, барови на плажа и кафе барови, сите лоцирани на 100 метри од имотот.  Приватна плажа обезбедена со лежалки. До градот Саранда може да се стигне на еден час возење, Националниот парк Логора е на 30 километри, додека Националниот парк Бутринт е оддалечен 65 километри. Приватен паркинг е достапен на лице место по претходно барање.

ЦЕНИ ЗА НОЌЕВАЊЕ

Тип на сместувањеМај/Октомври 2021Јуни и Септември 2021Јули и Август 2021
Двокреветна соба со поглед на море (цена по лице)17€29€40€
Двособен апартман58€92€115€
Студио апартман со кујна и балкон сопоглед на море (3 лица)46€69€92€
Студио апартман со кујна и балкон со поглед на градина (3 лица)35€58€81€

Напомени:
Собите се достапни по добиено барање
Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.