Вила HRISTOS, СИВИРИ – ЛЕТО 2025

Сивири е место кое се наоѓа на западниот прег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не го заборавиме најдобрата страна на ова магично место, во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!

Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури!

Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе Ви го прави престојот во Сивири не само удобен, туку и безгрижен.

Цени и услови

СЕЗОНА 2025

ТЕРМИН ОД:НОЌИ1/2 Студио1/3 Студио1/4 Апартман
24.05.20257139169199
31.05.20257169209259
07.06.20257229279339
14.06.20257289309399
21.06.20257339379429
28.06.20257369439459
05.07.20257399479499
12.07.20257399499599
19.07.20257399499599
26.07.20257399499599
02.08.20257399499599
09.08.20257399499599
16.08.20257399499599
23.08.20257379469559
30.08.20257359399469
06.09.20257279319379
13.09.20257209259289
20.09.20257169199229

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во агенција;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:

* Уплата 50% од износот на аранжманот;

* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;

* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

ПРЕВОЗ:

* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 45 € возрасни (повратен билет)

* 35 € возрасни (eден правец)

* 35 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)