На 8км од Бар се наоѓа населбата Добра Вода со плажата “Велики Пијесак” која поради чистата вода и големото присуство на сумпор во истата, влегува во плажи од прва категорија ( воздушна бања,погодна за сите оние кои патат од астма и бронхитис). Плажата на која се наоѓаат апартманите располага со бројни ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови и мини маркети.
Апартманите Лара С, 3* се новоизградени и модерно опремени студиа (двокреветни, трокреветни и четворокреветни со сопствен тоалет (фен и пешкири), тераса, ТВ-сателитска програма, Wi-Fi, интернет, фрижидер, клима, комплетна опрема кујна. Повеќето од апартманите имаат поглед на море. Објектот поседува лифт, модерен ресторан на покривот од зградата со преубав поглед на море.
Оддалеченост од плажа 130 м.
Студио / Наем | 01.06-20.06 19.09-30.09 | 21.06-30.06 09.09-18.09 | 01.07-10.07 30.08-08.09 | 11.07-29.08 |
1/2 наем- дневно | 40€ | 48€ | 58€ | 63€ |
1/3 наем- дневно | 44€ | 55€ | 66€ | 72€ |
1/4 наем- дневно | 50€ | 68€ | 77€ | 83€ |
1/2, 1/3, 1/4 полупансион по лице | 32€ | 37€ | 40€ | 46€ |
Цените за полупансион се по лице дневно ( појадок-вечера) на база шведска маса услугата почнува со вечера а завршува со појадок.
- Вклучено во цената: клима уред, кабелска, ТВ, Wi-FI
- Паркингот може да се обезбеди на лице место во непосредна близина на хотелот (плаќање на лице место)
- Туристичката такса и осигурување се наплатува на рецепција (возрасни-1.50 €, деца од 12-18 години-1.00€, деца од 2-12 години -0,50 € )
- Влегувањето во студиата е од 14.00ч. напуштањето е во 09.00ч
- Во 1/2 студио можат да се сместат 2, максимум 3 лица (2 возрасни и дете до 5 год.)
- Во 1/3 студио можат да се сместат 3, максимум 4 лица (2 возрасни и 2 деца до 10 год)
- Во 1/4 студио можат да се сместат 4, максимум 5 лица (3 возрасни и 2 деца до 10 год)
Попусти за гостите што користат храна:
- деца до 3 год.имаат бесплатен престој на заедничко легло,без храна
- деца од 3 до 10 год. на заедничко легло ,плаќаат по 50% од цената
- деца од 3 до 12 год на посебно легло-плаќаат по 70% од цената
- деца до 12 год.со еден возрасен во студио 1/2 плаќа 80% од цената










































































-Цените се изразени во евра ,наплатата е во денарска противвредност по курс од 62,oo ден.
Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС И СКТМ.