Villa Merry, Trani Ammouda, СИТОНИА

Trani Ammouda или Livrohio како е уште попознатo, се наоѓа во близина на Ormos Panagias. Oваа голема песочна плажа е една од најубавите на Ситониа. Ве очекува тиркизно и кристално чисто море, ситен пријатен песок, доволно простор за да поставите свој чадор за сонце и пешкири. Мал недостаток се природните сенки. Во непосредна близина имате барови кои ќе ви понудат лежалки (обавезно проверете ја цената пред да закупите затоа што многу се разликуваат, некаде се нуди пијалок а некаде не, затоа и се разликуваат еден од друг), лесни оброци и сендвичи, а во попладневните часови, морски специјалитети. Сигнал за безжичен интернет обезбеден е во кругот на некои барови. Плажата лесно се наоѓа, а возилото можете да го паркирате по должината на истата.

Локација: Се наоѓа на околу 250м. од плажа, лево од Agios Nikolaos, десно од Ormos Panagias.

Сместување:  1/4 Penthouse, приземје и кат. На приземјето има два единечни кревети, во еден агол има опремена кујна, бања и тераса. По скалички се качувате на спрат на кој имате француско легло, бања, тераса, клима,ТВ. (погледот од двете тераси е накај Света Гора, а додека од третата погледот е на другата страна, каде што може да се гледа преубавото зајдисонце).

    ЦЕНОВНИК  ЗА 7 НОЌИ

Период Бр. на ноќи1/4 Penthouse
14.07-21.077699€
21.07-28.077699€
28.07-04.087699€
04.08-11.087699€
11.08-18.087699€
18.08-25.087649€
25.08-01.097589€
01.09-08.097519€
08.09-15.097429€

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПП ЗА 7 НОЌИ.

Задожолжителна доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во агенција).

Во цената е влучено:

  • Наем на АПП за 7 ноќи
  • Клима уред.
  • Пешкири.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).  

Во цената не е вклучено:

  • Превоз
  • Осигурување
  • Факултативни излети

НАПОМЕНА

  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на     кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ!